мини|Тина Мазе 2010 Тина Мазе (, родена 2 мај 1983) — алпска скијачка од Словенија. Во текот на кариерата остварила седумнаесет победи во светскиот куп; дванаесет во велеслалом, две во комбинација, и по една во спуст, супервелеслалом и слалом. На Зимските олимписки игри 2010 во Ванкувер, освоила две сребрени медали; во велеслалом и супервелеслалом. Тоа е и најголемиот успех на словенскиот зимски спорт во историјата на Зимските олимписки игри, затоа што до тогаш успеале да освојат пет бронзени медали. На светските првенства, има сребрен медал во велеслалом од светското првенство 2009, златен медал во велеслалом од првенствпто во 2011 и златен медал во супервелеслалом од светското првенство во 2013 година.
Животопис Кога Тина имала само една година таа и нејзините родители се преселиле во Превалје. На три години научила да скија во нејзиниот роден град и околните ридови и падини. Таа исто така тренирала одбојка и студирала пијано. Откако завршила основно училиште таа се запишала во гимназија во „Равне на Корушка“.
Наводи
Надворешни врски
Официјално мрежно место Ski-db.com – Резултати. Sports-Reference.com – Олимписки резултати.
Категорија:Родени во 1983 година Категорија:Родени во мај Категорија:Аплски скијачи Категорија:Живи луѓе