Казандолска Река — археолошко наоѓалиште во валандовското село Казандол. Претставува населба од римското време. Се наоѓа западно од селото, каде по површините на нивите се среќаваат фрагменти од керамички садови и многуброен градежен материјал. Интересно е тоа што овде е најдено депо од рударски алатки и згура од топена руда.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Мандара Чешма — утврдена средновековна населба; Казандол; Список на археолошки наоѓалишта во Валандовско;

Наводи

Категорија:Казандол