Безмијалем султан (1807 - ) — сопруга на османлискиот султан Махмуд II и валиде султан на нејзиниот син Абдул Меџит I.
Според некои извори таа имала руско потекло и била Евреинка, роденото име и било Сузи, а нејзниот татко се викал Леон.. Според други пак таа имала грузиско потеклоThe Private World of Ottoman Women by Godfrey Goodwin, 2007, стр .157.
Во времето кога нејзиниот син станал султан таа ја зазела позицијата валиде султан и тоа во периодот од 1839 до 1851 година. Во текот на нејзиното владеење таа имала политичко влијание и често нејзиниот син и неговите министри ја консултирале за државните работи.
Таа е позната по своето покровителство и изградба на неколку објекти како на пример летната палата во Јилдиз и џамијата Долмабахче.
Наводи
Категорија:Починати во Истанбул Категорија:Валиде султан Категорија:Отоманци од 19 век Категорија:Отомански Грузијци Категорија:Османлиски робови Категорија:Родени во 1807 година