Духот на Елена (шпански: La fantasma de Elena) е Американска теленовела од 2010 година од Телемундо.

Синопсис

Елена Лафе и Елена Калкањо се среќаваат меѓу животот и смртта, за да се борат за љубовта на Едуардо Гирон, богат и мистериозен маж, потомок на семејство со традиција во огледување на коњи. Елена Лафе е убава и невина жена, која никогаш не ја дознала вистинската љубов. Пораснала во сенката на својот татко во помало место, каде што ја научила страста кон слободата, коњите и просечниот живот. За време на една бура, нејзиниот пат се пресечува со оној на Едуардо Гирон - богат и решителен маж, чија страст и бизнис се вртат околу светот на коњите. Но позади неговото семејство се крие таинствена приказна за една сопруга, која починала на денот на венчавката. Едуардо се оженил за една од своите братучетки/близначки, Елена Калкањо, која за време на свадбената церемонија се фрлила од една кула од имотот. Средбата со Елена Лафе се случува година подоцна, кога таа го спасува од една несреќа, и помеѓу нив се раѓа љубов. Страста и љубовта која се раѓа меѓу нив ги одведува до олтарот, но пристигнувањето на новата сопруга на Едуардо во семејството, започнува војна благодарение на ужасните тајни кои се кријат во минатото. Елена случајно ја отвора Пандорината кутија кога влегува во заклучената соба на починатата Елена, за да открие повеќе за неа, а воедно и за убиецот на неговата поранешна вереница.

Улоги Глумци Ликови Елизабет Гутјерез Елена ЛафеСегундо Сернадас Едуардо ХиронАна Лајевска Елена КалкањоФабијан Риос Монтекристо ПаласиоМарица Бустаманте Корина СантандерКети Барбери Ребека СантандерЗули Монтеро Маргот Ускатеги

Категорија:Телемундо Категорија:Теленовели