Сред Село — археолошко наоѓалиште во валандовското село Марвинци. Претставува некропола од хеленистичкото време. Се наоѓа во непосредната близина на селската задруга, на патот Марвинци-Балинци, каде бил откриен гроб со повеќе хеленистички наоди. Има индиции за постоење и на повеќе гробови. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069
Поврзано Исар — населба и некропола со континуитет од VII век пред н.е. до VI век од н.е; Ќурќиевица — некропола од железното време; Црква — осамен наод од римското време; Марвинци; Список на археолошки наоѓалишта во Валандовско;
Наводи
Категорија:Марвинци Категорија:Древномакедонски гробници