Ќурќиевица — археолошко наоѓалиште во валандовското село Марвинци. Претставува некропола од железното време. Се наоѓа на источната периферија на селото, каде се откриени гробови со конструкција од камени плочи - тип циста, во кои биле најдени повеќе бронзени предмети карактеристични за постарата фаза на железното време. Наодите се чуваат во Музејот на Македонија во Скопје.Коцо, Димче (1996). Археолошка карта на Република Македонија. Скопје: МАНУ. ISBN 9789989101069

Поврзано Исар — населба и некропола со континуитет од VII век пред н.е. до VI век од н.е; Сред Село — некропола од хеленистичко време; Црква — осамен наод од римското време; Марвинци; Список на археолошки наоѓалишта во Валандовско;

Наводи

Категорија:Марвинци