Витни Елизабет Хјустон (англиски: Whitney Elizabeth Houston; 9 август 1963 – 11 февруари 2012) ― американска пејачка, глумица, продуцент и модел. Го носела прекарот „Гласот“ и таа се смета за една од најдобрите пејачки во историјата на музиката. Хјустон, со продадени преку 220 милиони плочи ширум светот, се вбројува меѓу музичарите со најмногу продадени плочи на сите времиња.
Во 2009 година, Гинисовата книга на рекорди ѝ оддаде признание за најнаградуван женски изведувач на сите времиња. Хјустон беше една од светски најдобро продаваните музички артисти, со продадени над 200 милиони албуми, песни и видеа ширум светот.http://www.dailytelegraph.com.au/entertainment/fans-grieve-fallen-angel-whitney-houston-who-died-at-48-in-a-beverly-hills-hotel-room/story-e6frewyr-1226269117459 Таа издаде шест студиски албуми, еден празничен албум и три албуми со песни за филмови, од кои сите имаат дијамант, мулти-платина, платина и златна сертификација. Преминот на Хјустон на популарните музички топ листи, како и нејзиното истакнување на MTV, започна со со нејзиното видео за “How Will I Know”http://books.google.com/?id=ESUEAAAAMBAJ&lpg=PA59&dq=1986%20mtv%20video%20music%20awards%20whitney%20houston&pg=PA59#v=onepage&q=&f=false , со што влијаеше на неколку афроамерикански женски артисти да ги следат нејзините стапкиhttp://www.time.com/time/magazine/article/0,9171,964980,00.html
Хјустон е единствениот изведувач што седум пати едноподруго бил на местото број 1 на Billboard Hot 100 hits.Таа е вториот изведувач после Елтон Џон и единствениот женски изведувач што освоил две најдобри награди на Billboard 200 албум наградите (некогаш “Top Pop Album” на топ листите на крајот на годината на магазинот Billboard. Деби албумот од 1985 година, стана најдобро продаваниот деби албум од страна на женски изведувач во времето на неговото издавање. Албумот беше прогласен за најдобар албум во 1986 година од страна на магазинот Rolling Stone и беше рангиран на 254 место на списокот на Rolling Stone за 500 најдобри албуми на сите времињаhttp://www.allmusic.com/artist/whitney-houston-p4519/biography . Нејзиниот втор студиски албум “Whitney” (1987) стана првиот албум од женски изведувач што дебитираше на првото место на списокот на албуми Billboard 200.
Првата глумечка улога на Хјустон беше во филмот “Телохранител”(1992). Оригиналната музика на филмот победи на Греми наградите за албум на годината во 1994 година. Неговата водечка нумера “I Will Always Love You” стана најпродаван сингл од женски изведувач во музичката историја. Со овој албум Хјустон стана првиот изведувач (соло или група, машки или женски изведувач) што продал повеќе од милион копии од албум во период од една недела под Nielsen SoundScan system. Албумот ја направи најдобар женски изведувач во топ 10 списокот на најдобро-продавани албуми на сите времиња на која се најде на местото број четири. Хјустон продолжи да игра главни улоги во филмови и да соработува на нивните песни, вклучувајќи ги и филмовите “Waiting to Exhale”(1995) и “Preacher’s Wife”(1996). Песната за филмот “The Preacher’s Wife” стана најдобро продаваниот госпел-албум во историјатаhttp://www.rollingstone.com/music/artists/whitney-houston/biography .
На 11 февруари 2012 година, Хјустон беше пронајдена мртва во нејзината гостинска соба во хотелот Беверли Хилтон во Беверли Хилс, Калифорнија. Подоцнежните резултати покажаа дека таа несреќно се удавила во кадата поради дејството на хроничната употреба на кокаин и срцево заболување. Вестите од нејзината смрт се совпаднаа со Греми наградите 2012 и заземаа значајно место во американските и интернационалните медиуми.http://www.mediaite.com/tv/howard-kurtz-asks-if-whitney-houstons-death-is-worth-intense-news-coverage
Витни Хјустон добила многу награди и признанија: осум Греми награди, 16 музички награди од списанието Билборд, две Еми награди и соборила 30 Гинисови рекорди. Хјустон е внесена во Гремиевата куќа на славата (двапати), Куќата на славата на рокенролот, Куќата на славата на ритам и блуз музиката, Музичката куќа на славата во Џорџија, Куќата на славата во Њу Џерси и Националниот регистар за музички записи при Конгресната библиотека.
Живот и кариера 1963-1976 : Детство Витни Хјустон е родена во тогашно соседство со средни приходи во Њуарк, Њу Џерси, како второ дете на Џон Расел Хјустон, воено лице и забавувач (13 септември 1920 – 2 февруари 2003) и црковна пејачка Сиси Хјустон. Имала двајца браќа Гери Гарленд,"Top 10 Things You May Not Know About Whitney Houston" . ABC. February 16, 2012. Retrieved November 4, 2012. кој исто така бил пејач и Мајкл Хјустон. Таа има афроамериканско, северноамериканско индијанско и холандско потекло. Значајни фигури во жанровите како ритам и блуз, црковната, соул и поп-музиката биле и нејзината мајка заедно со роднините Дион Ворвик и Ди Ди Ворвик, бабата Дарлин Лав и почесната тетка Арета Френклин. Таа ја запознала нејзината почесна тетка кога имала 8 или 9 години, кога мајка и ја носела во едно студио за снимање. Таа била одгледана како Баптист, но исто така била изложена и на пентекосталската црква. Кога имала четири години после немирите во Њуарк во 1967 година, фамилијата се преселила во Источен Оринџ, Њу Џерси.
Кога имала 11 години, Хјустон започнала како солист во јуниорскиот црковен хор во Баптистичката Црква Нова Надеж, каде што исто така научила да свири на пијано. Нејзината прва соло изведба во црквата била “Guide Me, O Thou Great Jehovah”. Кога била тинејџерка, присуствувала на “Mount Saint Dominic Academy”, женско католичко средно училиште во Калдвел, Њу Џерси, каде што ја запознала својата најдобра пријателка Робин Крафорд, која што ја опишала како “сестра која што никогаш ја немала”. Додека Хјустон сè уште одела на училиште, нејзината мајка продолжила да ја учи како да пее. Хјустон исто така била изложена на музиката на Чака Кан, Гледис Најт и Роберта Флак од кои повеќето подоцна ќе имаат влијание на неа како пејачка и изведувач.
1977-1984: Почеток на кариерата Хјустон дел од нејзините тинејџерски години ги поминала во турнеја на ноќни клубови каде што настапувала нејзината мајка Сиси, каде што повремено се качувала на сцена и настапувала со неа. Во 1977 година кога имала 14 години, станува придружен вокал на бендот Мајкл Загер за песната “Life’s a Party”. Во 1978 година, кога имала 15 години, Хјустон ги пеела придружните вокали на хит синглот “I’m Every Woman” на Чака Кан, песна која подоцна ќе стане поголем хит за неа со огромната продажба на албумот за филмот “The Bodyguard”. Исто така пеела придружен вокал на албумите од Лу Ролс и Џермин Џексон.
Во раните осумдесетти, Хјустон започнала да работи како модел, откако еден фотограф ја забележал во Карнеги Хол додека пеела со нејзината мајка. Таа се појавува за Seventeen и станува првата жена што не е бела, а ја краси насловната страна на магазинот. Исто така се појавува и за Glamour, Cosmopolitan и Young Miss и во телевизиска реклама за канадски газиран пијалак. Нејзиниот впечатлив изглед и шармот на девојка од соседсвото ја направија да биде најбарана по тинајџерските модели во тоа време. Додека се занимавала со манекенство, таа продолжила со нејзината веќе развиена кариера како изведувач, соработувајќи со продуцентите Мајкл Беинхорн, Бил Ласвел и Мартин Биси .Таа исто така се појавува како главен вокал на една песна од албумот на Пол Џабара, насловен како Пол Џабара и Пријателите, издаден од Columbia Records во 1983 година.
Хјустон претходно имаше добиено понуди од повеќе дискографски агенции(Michael Zager во 1980 и Electra Records во 1981) ,меѓутоа нејзината мајка ги одби овие понуди, наведувајќи дека нејзината ќерка мора прво да го заврши средното образование. Во 1983 година, претставник од Arista Records, Гери Грифит, го виде нејзиниот настап заедно со нејзината мајка во еден ноќен клуб во Њујорк и беше воодушевен. Тој го убеди директорот на Arista Records Клив Дејвис да одвои време за да го изгледа настапот на Хјустон. Дејвис исто така беше воодушевен и и понуди светски договор за снимање, којшто Витни го потпиша. Подоцна таа година таа го направи своето национално телевизиско деби заедно со Дејвис во Merv Griffin Show.
Хјустон потпиша за Arista Records во 1983 година, но не започна веднаш со снимањето на албумот. Музичката куќа сакаше да биде сигурна дека пејачката нема потпишано со друга музичка куќа. Дејвис сакаше да се осигура дека тој го има материјалното и продуцентското право за деби албумот на Хјустон. Продуцентите мораа да преминат на проектот поради други ангажмани. Хјустон најпрво сними дует со Теди Пендерграс насловен како “Hold Me”, кој се појави на неговиот албум “Love Language”. Песната беше објавена 1984 година и станува топ 5 R&B хит, со што и овозможи на Витни да го почувствува за првпат вкусот на славата. Исто така песната ќе се појави и на нејзиниот деби албум во 1985 година.
1985-1986: Искачување до светска слава Со продукција од Мајкл Масер, Кашиф, Џереми Џексон и Нарада Мајкл Валден, деби албумот на Хјустон насловен како “Whitney Houston” беше издаден во февруари 1985 година. Магазинот Rolling Stone ја возвиши пејачката нарекувајќи ја “еден од највозбудливите нови гласови во последните неколку години” додека магазинот New York Times го нарече албумот импресионирачки, и дека е пример за еден извореден музчки талент.
Arista Records го промовираше албумот со три различни синглови во Соединетите Држави, Велика Британија и други европски држави. Во Велика Британија прв беше денс-фанк синглот “Someone for Me”, кој не успеа да се искачи на топ листите во државата, додека во европските држави како Холандија и Белгија синглот “All at Once” се искачи во топ 5 на музичките топ листи.
Во Соединетите Држави тажната балада “You Give Good Love” беше избрана како водечки сингл од дебитирањето на Хјустон за да ја воведе најпрво на црниот пазар. Надвор од Соединетите Држави песната не успеа да предизвика внимание и да стане хит, но затоа пак таму му го даде првиот голем хит на албумот со што се искачи на местото број 3 на US Billboard Hot 100 листата и на местото број еден на Hot R&B листата. Како резултат на тоа албумот почна добро да се продава, а Хјустон продолжи со промоцијата настапувајќи по ноќните клубови во Соединетите Американски Држави.