Трилер — простран жанр кој ги опфаќа литературата, филмот и телевизијата, каде што главни елементи се исчекување, тензија и возбуда. Трилерите многу го стимулираат расположението на гледачите, со тоа што им предизвикуваат висoкото ниво на предвидување на нештата, премногу зголемено исчекување, несигурност, изненадување, вознемиреност и страв. Трилер филмовите имаат цел да го засилат адреналинот, да бидат зајадливи, возбудливи и со брз ритам. Значително се користат литературните уреди како што се диверзии, испревртување на дејствието,напнати сцени. Дејствието во трилерот го управува негативецот, каде што тој или таа претставува пречка која што главниот јунак мора да ја надмине. Вообичаени поджанрови се психолошките трилери, криминалните трилери и мистериозните трилери. После атентатот на претседателот Џон Кенеди, жанрот политички трилер стана многу популарен. Друг вообичаен поджанр на трилер е шпионскиот жанр кој се занимава со белетристичка шпионажа. Успешни примери за трилери се филмовите на Алфред Хичкок. Жанровите хорор и акција често се поклопуваат со жанрот трилер. Во 2001 Американскиот Филмски Институт во Лос Анџелес го направи својот конечен избор на топ 100 најдобри американски ‘‘срцебиечки’’ и ‘‘адреналин-поттикнувачки’’ филмови на сите времиња. За да се квалификуваат 400-те номинирани филмови мораа да бидат од американско производство чии возбудувања го заживеаа и збогатија американското филмско наследство. „AFI” исто така побара поротниците да го земат предвид севкупното адреналин-поттикнувачко влијание на филмската уметност и моќ. Хомеровата Одисеја е една од најстаритe приказни во западниот свет и се смета за најран извор на трилерот. Еден од најраните трилер филмови е комедијата “Safety Last” на Харолд Лојд (1923), со лик кој изведува бестрашен каскадерски трик од страна на облакодер. Алфред Хичкок и Фриц Ланг со почит помогнаа во обликот на денешниот модерен жанр трилер, почнувајќи со “The Lodger” (1926) и “M” (1931).
Особености Дефиниција за трилерот Целта на трилерите е да го задржат вниманието на гледачите и да бидат на работ од своите седишта. Главниот лик во овие филмови се соочува со проблем – бегство, мисија или митсерија. Без разлика од кој поджанр е трилерот, тој ја истакнува опасноста со која се соочува главниот лик. Тензијата со главниот проблем се гради до крајот на филмот и води до високо стресна точка на кулминација. Прикривањето на важните информации за гледачот, борбата и прогонувачките сцени се најчестите методи во сите поджанрови на трилерот, сепак секој пожанр си има свои уникатни одлики и методи. Трилерот дава нагол излив на емоции, возбуда, чувство на напнатост и восхитеност кое го води раскажувањето, понекогаш дискретно со кулминации и затишја, понекогаш возбудува со истрајна, вртоломна брзина. Во овој жанр целта е да ја пренесе приказната со постојана тензија, изненадување и постојано чувство на неизбежна несреќа. Ги држи гледачите во неизвесност „ на работ од нивните седишта “ како што дејството се развива до точката на кулминација. Трилерите знаат да бидат со брз ритам, психолошки и застрашувачки, мистериозни и повремено вклучуваат поголема мера на злоба како што се шпионажа, тероризам и завера. Трилерите може да се дефинираат според првото чувство што го изнудуваат: застрашувачка возбуда. На кратко, ако возбудува тоа е трилер. Како што објаснува воведот на важна антологија: „ ... Трилерите даваат богата литературна гозба. Има секакви видови. Правен трилер, шпионски трилер, акционо – авантуристички трилер, медицински трилер, полициски трилер, романтичен трилер, историски трилер, политички трилер, религиозен трилер, ултрамодерен трилер, воен трилер. Листата продолжува со новите промени кои постојано се откриваат. Всушност оваа отвореност за проширување е една од најистрајните одлики на жанрот. Но, тоа што им дава заеднички терен на многубројните трилери е интензитетот на чувства којшто го создаваат, особено оние на вознемиреност и восхитеност, возбуда и останување без здив, сите создадени да ги произведат сите важни возбудувања. Според дефиниција, ако трилерот не возбудува – не си ја врши добро работата. “
Писателот Владимир Нобоков на своите предавања на Универзитетот „Корнел“ рече: „ Во Англо – Саксонски трилер негативецот најчесто е казнет и силниот тивок маж најчесто ја победува слабата зборлива девојка, но во западните земји нема владин закон да се забрани приказната која што не се согласува со традицијата, така да секогаш се надеваме дека злобниот, но романтичен човек ќе избега неказнет и дека конечно доброто, но глупаво момче ќе биде укорено од мрачната хероина. “ Теми и карактери Најчести методи и теми во криминалните трилери се: откуп, ропство, грабеж, одмазда, киднапирање. Во мистериозните трилери најчести се истражувањето и детективската техника. Вообичаени елементи во психолошките трилери се: игра со умот, психолошки теми, скришно следење, затвор и опседнатост. Елементи како што се: дополнителни теории, лажни обвинувања и параноја се вообичаени во параноичните трилери. Закани до сите држави, шпиони, завери, атентати и електронски надзор се вообичаени во шпионските трилери. Главните елементи • Главниот лик се соочува со смрт, или сопствената или на некој друг. • Во почетокот силите на непријателот мора да бидат посилни од оние на главните ликови. • Главниот заплет на главниот лик е или потрага или лик кој не може да се собори. • Главното дејствие се фокусира на мистеија која мора да се реши. • Гледната точка на главниот лик доминира во раскажувачката конструкција на филмот. • Сите дејства и карактери мора да бидат убедливо реални и природни во нивната интерпретација на екраните. • Двете главни теми кои го поткрепуваат жанрот трилер се желбата за правда и моралноста на поединци. • Едно мало, но значајно гледиште на трилерот е присуството на невиност во она што се гледа како суштински корупиран свет. • Главниот лик и негативецот водат битка помеѓу себе, не само на физичко туку исто така и на ментално ниво. • Или како несреќа или поради својата љубопитност ликовите се доведени во опасен конфликт или ситуација за која тие не се подготвени да ја решат. Ликовите вклучуваат криминалци, манијаци, атентатори, невини жртви, застрашени жени, ликови со длабоко мрачно минато, психопати, убијци, социопати, агенти, терористи, полицајци, бегалци, приватни детективи, луѓе вмешани во измешани љубовни врски, мажи и жени заморени од животот и др. Темите најчесто вклучуваат тероризам, политички заговори, гонење или љубовни триаголници кои водат кон убиство. Главните ликови најчесто се обични луѓе ненавикнати на опасност, сепак во криминалните трилери тие може да бидат силни мажи навикнати на опасност како што се полицајци или детективи. Иако во трилерите главните ликови традиционално се мажи, женските главни ликови се сè повеќе присутни. Во психолошките трилери, главниот лик се потпира на своите ментални способности во случај да се бори против негативецот или да се бори за урамнотеженост на својот сопствен ум. Напнатоста најчесто доаѓа од две или повеќе улоги кои играат со умовите помеѓу себе, или со играње на измамнички игри или едноставно со пробување да си ги нарушат менталните состојби. Приказна и опкружување Дејствието на трилерот вклучува карактери кои доаѓаат до судир помеѓу себе или судир со надворешни сили - заканата понекогаш е апстрактна или невидена. Трилерот го карактеризираат атмосферата на гадна закана и ненадејно насилство како што се злосторство и убиство. Трилерите ги претставуваат светот и општеството како мрачни, корумпирани и опасни. Но, во Холивуд тие обично прикажуваат весели краеви каде што злото е надминато. Тензијата обично се јавува кога главиот лик се наоѓа во застрашувачка ситуација, мистерија, или замка од која излегувањето изгледа невозможно. Животот обично е во опасност затоа што главниот лик неочекувано или без знаење е вмешан во опасна или смтрна ситуација. Трилерите ја нагласуваат загатката на дејствитето. Има патокази кои гледачот/читателот треба да е во можност да ги одгатне во истото време како и главниот лик. Во трилерите задолжителното прашање не е кој го направил тоа, туку дали негативецот ќе биде фатен пред на направи друго злосторство. Филмовите на Хичкок често ја ставаат невината жртва (обична, одговорна личност) во чудна, измачувачка или ситуација опасна по живот, во случај на погрешен идентитет, немање на идентитет или погрешно обвинување. Иако трилерите најчесто се случуваат во обични околини или на обични луѓе, сепак понекогаш може да се случат во целосна или делумно егзотична околина како што се: странски градови, пустини, поларни региони, или на отворено море. Најчесто упорните, досетливите, но главно обични луѓе се соочени со негативците кои се одредени да ги уништат нив, нивната држава или стабилноста на светот. Честопати главниот лик во трилерот е соочен со проблем кој изгледа ненадминлив во неговата мисија. Тој се бори против одбројувачки часовник, ризиците се големи но е досетлив и покрај тоа што се соочува со сопствени дилеми кои го тераат да прави жртви за други луѓе. Трилерот и мистеријата Трилерите често се поклопуваат со мистериозни приказни кои се разликуваат по структурата на нивните дејствиjа. Во еден трилер, херојот мора да ги сопре плановите на непријателот наместо да го обелодени злосторството кое веќе се случило. Мистериозните трилери исто така се случуваат на поголем размер: злосторствата кои мора да се попречат се сериски или масовни убиства, тероризам, атентати, или падот на владата. Соочувањето со опасност и насилство се стандардни елементи на дејствието во жанрот мистериозен трилер (пр. Triangle), за разлика од жанрот мистерија каде што приказната е мрачна и драматична (пр. Changeling). Филмот мистерија ја достигнува својата точка на кулминација кога мистеријата е решена (пр. Gosford Park), а додека кај мистериозниот трилер највисоката точка е кога јунакот конечно ќе го победи непријателот (после пресметка), ќе си го спаси својот живот а често и животите на други луѓе (пр. Oldboy). Во мистериозно детективските филмови има многу малку насилство страв и закана (особено помеѓу непријателот и невиниот човек), иако во трилерите насилството е доста интензивно и непријателот е многу безмилосен. Во трилерите кои се под дејство на трагедија, главниот лик најчестого убиваат во текот на настаните. Трилерот не се состои само од тоа некој да биде убиен. Покрај убиството секогаш е во прашање нешто многу поголемо и многу поважно, кое може многу животи да стави во опасност. Во мистеријата мотивот за злосторство како што е осигурувачка измама може да биде страшен, додека во трилерот не е веројатно само парите да се мотив за сите страшни работи кои ги прави негативецот. Трилерот и злосторството Овие два често се поклпоуваат. Меѓутоа чистите криминалистички филмови/романи се фокусираат на одредено злосторство или низа од злосторства и решавање на мистеријата или следење на криминалците, но во текот нема насилство или има малку насилство но многу драма. Обично трилерите се основани на измислица и се одвиваат брзо, додека криминалната белетристика има тенденција да се одвива полека, драматично и реално. Главно, недостасува исто така насилство во криминалната белетристика, но ова зависи од тоа ако работата е основана на мафија, каде што насилството е многу интензивно. Некои криминалистички филмови повеќе го покажуваат гангстерскиот живот, личната драма на криминалците дури и нивни биографски филм (пр., The Godfather). Од друга страна пак криминалните трилери имаат повеќе страв и напнатост во нив и може да вклучат шпионирање, чести убиства и други не криминални конфликти (пр. Heat). За разлика од криминалните трилери, криминалните филмови обично нудат посериозен, безмилосен и реален опис на криминалното опкружување со истакнување на развивањето на ликот и сложени содржини наместо одложувачка низа, прогонувачки сцени и насилство.