Шалкау () — мал град во округот Зонеберг, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на 13 километри западно од окружниот град Зонеберг и 15 километри северно од градот Кобург.

Географија

Градот се наоѓа на јужниот раб од Тириншките Шкрилни Планини во долина на горниот тек на Иц. Шест километри северно од градот се наоѓа Блесберг на височина од 867 метри.

Соседни општини

Градот се граничи со следниве места (почнувајќи од север, надесно): Нојхаус на Ренвег, Франкенблик, Редентал, Лаутертал и Ајсфелд.

Градски единици

Градот е составен од десет градски единици:

Алмерсвинд со Зелзендорф Бахфелд со Гунделсвинд Енес Емштат со Трукендорф и Герсдорф Кацберг Маузендорф со Нојндорф Рот Шалкау Тојерн Трукентал

Политика Градски совет

Градскиот совет во Шалкау се состои од 16 членови:

Партија Места CDU 6 (−2) AfD 3 (+3) Слободни гласачи 3 (+1) DIE LINKE 2 (−2) Форум активни граѓани 2 (±0)

Градоначалник

На изборите на 15 април 2018 година бил избран Уте Хопф, независна кандидатка.

Збратимени градови

Шалкау е збратимен со следниве градови: Редентал, Германија

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Зонеберг (округ)