Ошо ( 11 декември, 1931 – 19 јануари, 1990), роден како Шандра Мохан Џаин и исто така познат како Ахариа Раџниш од 1960тите наваму, како Багван Шри Раџниш за време на 1970тите и 1980тите и како Ошо од 1989, е индиски мистик, гуру и духовен учител кој се здоби со следбеници од цел свет. Бил професор по филозофија, кој патувал низ Индија во 1960-тите како јавен говорник. Махатма Ганди и институционализираните религии ги нарекуваат контроверзни неговите отворени критики кон социјализмот. Тој исто така имал полиберални ставови за сексуалноста, поради кои го добива прекарот „секс гуру“ во Индискиот, а подоцна и во меѓународниот печат. Во 1970, Ошо се населил во Бомбај на некое време. Тој почнал да иницира следбеници (познати како нео-саниаси) и ја презема улогата на духовен учител. Во неговите говори толкува текстови на религиски традиции, мистици и филозофи од целиот свет. Со преселувањето во Пуна во 1974, тој основа ашрам што привлекол огромен број на луѓе од Запад. Ашрамот, за посетителите од Запад, нудел терапии кои произлегувале од Движењето за човечки потенцијал и се прославил во Индија и преку нејзините граници, главно поради слободоумноста и провокативните предавања на Ошо. До крајот на 1970-тите тензиите со Индиската влада и околните општествени групи пораснале. Во 1981, Ошо се преселил во САД и неговите следбеници основале комуна, подоцна позната како Раџнишпурам, во Орегон. За една година водството на комуната влегува во конфликт со месните жители, примарно заради употреба на земјиште, кое е обележано со непријателство од двете страни. Огромната колекција на Ролс-Ројс автомобили нарачувани од неговите следбеници за тој да ги употребува, исто така е причина за озлогласеност. Комуната во Орегон пропаѓа во 1985 кога Ошо открива дека нејзиното водство има извршено бројни сериозни криминални дела, вклучувајќи и напад со биолошко оружје (труење со храна) на жителите на Делс. Тој е уапсен кратко потоа и обвинет за имиграциони прекршоци. Ошо е депортиран од Соединетите Американски Држави врз основа на спогодба со тужениот (plea bargain). Забранет му е влез во 21 земја, што предизвикува тој да го пропатува светот за да се врати во Пуна, каде што умира во 1990. Неговиот ашрам денес е познат како Меѓународно одморалиште за медитација на Ошо. Неговите синкретички техники ја нагласуваат важноста на медитацијата, свесноста, љубовта, славата, храброста, креативноста и хуморот – квалитети кои тој ги гледа како потиснати заради придржување кон статичните системи на верувања, религиски традиции и социјализација. Техниките на Ошо имаат значително влијание врз мислителите на новото време и нивната популарност порасна забележително по неговата смрт.
Детство и адолесценција: 1931 – 1950
Ошо е роден во Чандра Мохан Џеин, најстар од единаесетте деца на трговец на ткаенини, во куќата на родителите на мајка му во Кушвада, мало село во областа Раизен во државата Мадја Прадеж во Индија. Неговите родеители Бабулал и Сарасвати Џеин, кои биле џаинисти (Terapanthi Jains), му дозволиле да живее со родителите на мајка му додека да наполни седум години. Според Ошо ова имало главно влијание на неговиот развој бидејќи неговата баба му дала најголема слобода, оставајќи го безгрижен без наметнато образование или ограничувања. Кога бил седум години, неговата баба умрела и тој заминува за Гадарвара да живее со неговите родители. Ошо бил длабоко погоден од смртта на баба му и повторно од смртта на девојката од детството и братучед му Шаши кои починале од тифус кога бил 15 години, што го води до преокупирање со смртта што траело низ поголемиот дел од детството и младоста. Во училишните денови бил бунтовен, но талентиран ученик, и се стекнал со репутација на сериозен говорник. Ошо станува атеист, се заинтересирал за хипноза и на кратко се поврзува со социјализмот и две индиски националистички организации: Индиската национална армија и Национална волонтерска организација. Сепак, неговото членство во организациите било краткорочно бидејќи тој не можел да подлежи на каква било надворешна дисциплина, идеологија или систем.
Универзитетски години и јавен говорник: 1951 – 1970
Во 1951, на 19 години, Ошо ги започнува студиите на Колеџот Хиткарини во Јабалпур. По барањето да си замине по конфликти со професор, се префрла на D. N. Jain Колеџот, исто така во Јабалпур. Докажувајќи се како непокорливо аргументативен, не е потребно да присуствува на предавањата на D.N. Jain Колеџот, освен за испитувањата и го користел неговото слободно време неколку месеци да работи како уредник-асистент во локалниот весник. Со јавно говорење почнува на годишното Собирање на сите вери (Sarva Dharma Sammelan) одржано во Јабалпур, организирано од комуната на Таранпанти Џаинистите, во која тој е роден и каде учествува од 1951 до 1968. Тој се противи на притисокот на неговите родеители да се ожени. Ошо подоцна изјавува дека духовно се просветлил на 21 март, 1953, кога бил 21 година, во мистично искуство додека седел под едно дрво во градината Банвартал во Јабалпур. Откако дипломира филозофија на D.N. Jain колеџот во 1955, се запишува на универзитетот во Сагар, каде во 1957 станува магистер по филозофија. Веднаш си озбезбедува настава на Раипурскиот Санскритски колеџ, но вице-канцеларот набрзо бара замена бидејќи го смета за опасност за моралот, карактерот и религијата на неговите студенти. Од 1958, предава филозофија како доцент на Јабалпурскиот Универзитет, каде што е унапреден во професор во 1960. Станува популарен предавач и е признаен како исклучително интелигентен човек од страна на неговите соработници, кој бил во можност да ги надмине недостатоците на почетното образование во неговиот мал град. Паралелно со неговата работа на универзитетот, патува низ Индија како Ахариа Ражнеш (Acharia значи учител или професор, Rajneesh е прекар што го добил во детството), за да предава, при што ги критикува социјализмот и Ганди. Тој вели дека социјализмот само ќе ги здружи сиромашните, и го опишува Ганди како реакционарен мазохист што проповеда сиромаштија. Она што и е потребно на Индија за да го избегне назадувањето е капитализам, наука, модерна технологија и контрола на раѓање. Тој ги критикува ортодоксните Индиски религии и ги нарекува мртви, исполнети со празни ритуали, а нивните следбеници се угнетувани со страв од проклетство и ветување за благослов. Таквите искази го прават контроверзен, но се здобива и со верни следбеници меѓу кои бројни богати трговци и стопанственици. Тие барале поединечни консултации со него за нивниот духовен развој и секојдневниот живот во замена за донации-вообичаени спогодби во Индија-и ова брзо се проширило во практика. Од 1962 започнува да води три- до десетдневни кампови за медитација, и првиот центар за медитација (Џиван Јагрути Кендра) почнува да се појавува околу неговото учење, тогаш познато како Движење за будно живеење (Jivan Jagruti Andolan). После контроверзна серија на говори во 1966, дава отказ од наставата на барање на универзитетот. Со серијата предавања во 1968, подоцна објавена како Од секс до суперсвесност, ги ужаснува Хинду водачите со повикот за послободно прифаќање на сексот и во индискиот печат станува познат како „секс-гуру“. Кога во 1969 е повикан да говори на Втората светска Хинду конференција, и покрај сомневањата на некои Хинду водачи, тој ја користи ситуацијата повторно да предизвика контроверзии, тврдејќи дека „секоја религија што гледа на животот како безначаен и полн со мизерија, и учи на омраза кон животот, не е права религија. Религијата е уметност што покажува како да се ужива животот.“ Тој ги окарактеризира свештениците како мотивирани од сопствените интереси, што ги лути шанкарашариите (изворно: shankaracharya) од Пури, кои со сите сили се трудат да ги сопрат неговите предавања.
Бомбај: 1970 – 1974
При јавна медитација во пролетта 1970, Ошо го претставува методот на Динамична Медитација за првпат. Тој го напушта Јабалпур и заминува во Бомбај на крајот на јуни. На 26 септември, 1970, ја формира неговата прва група на ученици или нео-саниаси. Постанувањето ученик значело примање на ново име и носење на традиционалната портокалова облека на аскетските хинду свети луѓе, и mala-брадест ѓердан на кој има медал со слика од ученикот. Сепак, неговите санијаси биле поттикнати да водат повеќе славенички отколку аскетски живот. Тој не сакал да му се поклонуваат туку се претставува како каталитички агент, „сонцето го охрабрува цветот да се отвори“. До тогаш се стекнува со секретарка Лакшми Такарси Курува, која како прв негов ученик го прима името Ма Јога Лакшми. Лакшми е ќерка на еден од неговите рани следбеници, богат Џаин, главен поддржател на Националната конгресна партија за време на немирите за независност на Индија, кој имал блиски врски со Ганди, Нехру и Морарџи Десаи. Таа ја зголемува заработката што му овозможува на Ошо да запре со неговите патувања и да се смести на едно место. Во декември 1970, се преселува во Вудленд апартманите во Бомбај, каде што држи предавања и прима посетители, меѓу кои и неговите први посетители од Западот. Во овој период патува ретко и не говори повеќе на отворени јавни средби. Во 1971 го прима името Багван Шри Раџниш. Шри е учтива форма на обраќање, еквивалент на англиската „Sir“ – господин; Багван значи „благословен“, и се користи во Индиската традиција како израз за почит кон човечко суштество кај кое божеството не е повеќе скриено туку очигледно.
Ашрам Пуна: 1974 – 1981
Влажната клима во Бомбај се покажала штетна за здравјето на Ошо: тој заболува од дијабетис, астма и бројни алергии. Во 1974, на 21-вата годишнина од неговото искуство во Јабалпур, се преселува на имот во Паркот Корегон во Пуна, добиен со помош на Ма Јога Мукта (Кетрин Веницелоз), Гркинка, наследничка на трговска морнарица. Ошо предава во аршамот Пуна од 1974 до 1981. Двете припоени куќи и 6-те ари површина постануваат јадро на ашрам, и имотот е сè уште срцето на денешното Меѓународно одморалиште за медитација на Ошо. Тоа го овозможува редовното аудио снимање, подоцна и видео снимање, како и печатење на неговите говори за светски пласман, што е пак проследено со добивање на поголема публика. Бројот на посетители од Запад пораснува нагло. Ашрамот е наскоро опремен со уметничко-занаетчиски центри за производство на облека, накит, керамика и органска козметика, како и домашни театарски, музички и имитаторки настапи. Од 1975, по пристигнувањето на неколку терапевти од Движењето за човековиот потенцијал, ашрамот започнува да ги надополнува медитациите со сè поголем број на терапевтски групи, што постанува главен извор на приходи за ашрамот.
Ашрамот Пуна од сите аспекти бил возбудливо и живо место за престојување, со атмосфера полна емоции што наликува на лудница во која владее бучна веселба. Денот започнувал во 6:00 часот наутро со Динамична Медитација. Од 8:00 часот, Ошо предавал 60 до 90 минути во Салата „Буда“ во ашрамот, коментирајќи на религиозни текстови или одговарајќи прашања од посетители или ученици. До 1981, серијата предавања што се држеле на хинди, се држат на англиски јазик. Преку ден, се случувале неколку медитации и терапии, чиј интензитет се припишува на духовната енергија од просветленоста на Ошо. Во вечерните часови (изворно: darshans, анг.sights) Ошо разговарал со поединечни ученици или посетители и охрабрувал следбеници. Саниасите доаѓале на darshans кога заминувале или се враќале, или кога сакале да дискутираат за било што.