Колумбија е унитарна република составена од 32 департмани () и еден престолнински округ (Distrito Capital). Секој департман има свој управник (gobernador) и собрание (Asamblea Departamental), чии членови имаат четиригодишен мандат и се бираат на општонародни избори. Управникот нема право на последователни мандати. Департманите како самоуправни единици имаат извесен степен на автономија.
Секој департман се дели на општини (municipios). На чело на општината стои градоначалник (alcalde), кој раководи со неа заедно со општинскиот совет (concejo municipal). Градоначалникот и советниците имаат четиригодишен мандат.
Престолнинскиот округ се состои од главниот град Богота, кој е делумно зависен од департманот Кундинамарка што го окружува.
Список на департмани мини|десно|300п|Карта на департманите во Колумбија
Департман Админ. центар Површина (км²) Население Основан - Богота (Престолнински округ) - 1538 01 Амазонас Летисија 1991 02 Антиокија Медељин 1826 03 Араука Араука 1991 04 Атлантико Баранкилја 1910 05 Боливар Картахена 1857 06 Бојака Тунха 1858 07 Калдас Манисалес 1905 08 Какета Флоренсија 1982 09 Касанаре Јопал 1991 10 Каука Попајан 1857 11 Сесар Валједупар 1967 12 Чоко Кибдо 1947 13 Кордоба Монтерија 1952 14 Кундинамарка Богота * 1857 15 Гвајнија Инирида 1963 16 Гвавијаре Сан Хосе дел Гвавијаре 1991 17 Уила Нејва 1905 18 Гвахира Риоача 1965 19 Магдалена Санта Марта 1824 20 Мета Вилјависенсио 1960 21 Нарињо Пасто 1904 22 Норте де Сантандер Кукута 1910 23 Пупумајо Мокоа 1991 24 Киндио Арменија 1966 25 Рисаралда Перејра 1966 26 Сан Андрес, Провиденсија и Санта Каталина Сан Андрес 1991 27 Сантандер Букараманга 1857 28 Сукре Синселехо 1966 29 Толима Ибагве 1886 30 Валје дел Каука Кали 1910 31 Ваупес Миту 1991 32 Вичада Пуерто Карењо 1991 Во податоците за Кундинамарка е вклучен и главниот град Богота.
Поврзано ISO 3166-2:CO Географија на Колумбија
Наводи
Надворешни врски Список на управници на колумбиските департмани
Категорија:Административна поделба на Колумбија Категорија:Списоци за Колумбија Категорија:Првостепени административни единици на земјите Категорија:Списоци на административни единици на земјите