Департман (, ) е вид на административно-политичка единица кај повеќе земји.

Како територијална единица, департманот за првпат се јавува со Француската револуција, со намера да е нагласи дека секоја територија е само административна единица на една единствена суверена власт. Истиот поим може да се однесува и на какво било одделение во организација. Ова се смета за спротивно на случајот кога земјата има сојузни држави, што подразбира местен суверенитет.

Денес постојат департмани со и без законодавна и извршна власт, зависно од административна поставеност на земјата.

Земји со департмани

Департмани во Бенин Департмани во Боливија Департмани во Брегот на Слоновата Коска Департмани во Буркина Фасо Департмани во Габон Департмани во Гватемала

Департмани во Ел Салвадор Департмани во Камерун Департмани во Колумбија Департмани во Република Конго Департмани во Нигер Департмани во Никарагва

Департмани во Парагвај Департмани во Перу Департмани во Сенегал Департмани во Уругвај Департмани во Франција Департмани во Хаити Департмани во Хондурас

Поранешни земји со департмани

Варшавско војводство Кралство Вестфалија Кралство Италија Италијанска Република (наполеонска) Прво Француско царство Цисалпска Република

Поврзано Административна единица

Наводи

Категорија:Административни единици