мини|Банкарски згради мини|Градска црква мини|Куќа Хенеберг
Мајнинген () — град во средишна Германија, кој се наоѓа во јужниот дел на сојузната покраина Тирингија. Градот претставува административно седиште на округот Шмалкалден-Мајнинген. Се наоѓа на реката Вера, на 30 километри источно од Фулда, преку поранешната внатрегерманска граница.
Мајнинген се смета за културен, судски и финансиски центар на јужна Тирингија и економски се потпира на туризмот и високата технологија. Градот се наоѓа во лингвистичката област на Франконија.
Географија Местоположба
Мајнинген има средишна положба во Германија и припаѓа на областа Франконија. Градот се наоѓа во долината на Вера, на источниот раб од ридскиот масив Рен, на надморска височина од 280 до 470 метри и е сместен на тромеѓата на Тирингија, Баварија и Хесен. Преку поранешната општина Хенеберг, која станала дел од градот, се граничи со сојузната покраина Баварија, а до хесенската гранична линија има околу 25 километри. Низ целата должина на градот од југ кон север поминува реката Вера, која е притока на Везер.
Мајнинген туристички припаѓа на областа Рен, каде е сместен истоимениот биосферен резерват, на кој припаѓаат местата Херпф, Штепферсхаузен и Требес. Блиски поголеми градови е покраинскиот главен град Ерфурт (80 км) и градот во Долна Франконија, Вирцбург (105 км).
Во 2000 година ја добил титулата „Кју-Сити“ (Q-City) преку истражување под водство на Бернд Штрајх од Кајзерслаутернскиот универзитет, кое сакало да го најде оптималната местоположба на еден град во Германија. По објавувањето, следеле особено тешки критики за изборот на Мајнинген.
Градско подрачје
Градското подрачје на Мајнинген се протега на 105,65 квадратни километри и на нив шумите заземаат 40%. Населбите и патиштата заземаат површина од 15%. Јадрото на градот има компактно урбано лице.
Градски единици
Градот е поделен на 10 градски делови, од кои на седум административни градски единици: самиот град, составен од Иненштат со историскиот Алтштат, Нордштат, Остштат, Зидштат, Јерузалем, Хелба и Велкерсхаузен, како и шест други единици Драјсигакер, Херпф, Хенеберг со Ајнедхаузен и Унтерхарлес, Штепферсхаузен со Требес, Валдорф и Валбах.
Градска единицаЖителиПовршина во км2 Град Мајнинген 19.298 34,17 Драјсигакер 1.383 7,11 Хенеберг 599 13,20 Херпф 894 18,08 Штепферсхаузен 619 15,76 Валбах 364 5,07 Валдорф 2.090 12,16 Мајнинген (вкупно) 25.247 105,65 Извор: Уред за пријавување жители на Мајнинген (состојба 31.12.2018)
Статистички окрузи
Градските и месните единици до 2018 година биле поделени во 12 статистички окрузи.
ОкругГрадски дел / Месен делЖители 2012Жители 2015 01 Центар / Алтштат 3.120 3.412 02.1 / 02.2 Нордштат 2.241 2.376 03 Нордост 4.406 4.390 04 Нордвест 1.206 1.271 05 Зидост 2.434 2.385 06.1 / 06.2 Зидвест 1.955 1.883 08 Јерузалем 3.100 3.239 09 Хелба 283 290 10 Велкерсхаузен 205 198 Мајнинген (град) 18.950 19.444 07 Драјсигакер 1.321 1.337 11 Херпф 913 913 Места 2.234 2.250 Мајнинген (вкупно) 21.184 21.694 Извор: Градска управа Мајнинген, податоците од 2012 и 2015 (31 декември)
Соседни општини
Градското подрачје се граничи со следниве градови и општини (почнувајќи од север надесно): град Вазунген (11 км), Утендорф (4,5 км), Киндорф (6,5 км), Рор (6 км), Елингсхаузен (4,5 км), Обермасфелд-Гриментал (4,5 км), Унтермасфелд (4 км), Зилцфелд (6 км), Грабфелд (11,5 км), град Мелрихштат (Баварија, 17,3 км), Ренблик (10 км), Унтеркац/Ванс (12/11 км), Риперсхаузен (6 км) и Мемелс (9 км).
Историја
мини|лево|upright=0.90|Мајнинген, ул. Бернхард во 1835
Мајнинген бил првпат споменат во 982. Императорот Хајнрих Втори го подарил Мајнинген во 1008 на римокатоличката бискупија Вирцбург и цели 534 години останал дел од Вирцбург. Градот бил првпат споменат во 1230 како град. Мајнинген во 1542 преминал во посед на династијата Хенеберг, а потоа во 1583 на војводствата Ернестин.
Помеѓу 1680 и 1918 бил главен град на Војводството Саксо-Мајнинген. Собирачот на бајки и писателот Лудвиг Бехштајн бил архивист во Мајнинген. Една од принцезите на Саксо-Мајнинген, Аделхајд Луизе Тереза Каролине Амелија фон Саксо-Мајнинген, станала жена на британскиот крал Вилијам IV во 1818. По неа е наречен австралискиот град Аделаида. Првиот дворски театар во Мајнинген се отворил во 1831. Градот бил поврзан со железницата Вера со германската железничка мрежа во 1858. На почетокот на 20 век, постоењето на неколку големи банки довело Мајнинген да стане важен финансиски центар во Германија.
Војводството било укинато на крајот на Првата светска војна. Во текот на Втората светска војна, во Мајнинген се наоѓала болница за воени заробеници. Жестоките воздушни напади на Мајнинген на 23 февруари 1945 убиле 208 луѓе, уништиле 251 куќа и два моста и оштетиле 440 градби. Градот бил окупиран од американските војници во април 1945.Тирингија под американска окупација (април до јули 1945), http://www.thueringen.de/imperia/md/content/lzt/thuringia_under_american_occupation.pdf Во јули 1945, градот бил приклучен на источната окупациска зона, заедно со остатокот на Тирингија.
По повторното обединување на Германија, Мајнинген станал седиште на округот Шмалкалден-Мајнинген. Во 2003 градот бил поврзан со автопатот А71.
Главни знаменитости
мини|Руни на Англиската градина во Мајнинген
Замок Елизабетенбург, изграден во 1692 Замок Ландсберг, изграден 1840 Театар Мајнинген, изграден 1909 Гец-Хеле, пештарска тура Фабрика за парни локомотиви Мајнинген Англиска градина во центарот на градот Протестантска парохиска црква, започната во 1000 Мала палата, изграден 1823 Голема палата, изграден 1823 Соседство во класичен стил Окрузи во одбрани стилови Некои фахверк куќи Фонтана Бехштајн Фонтана Хајнрих Втори Споменик на Јоханес Брамс
Култура Театар
Театарот Мајнинген нуди музички театар (опера, оперета, мјузикли), претстави, симфониски концерти, куклени претстави, балет и театар за деца и младинци. Дворскиот театар Мајнинген бил отворен на 17 декември 1831. Бил уништен во 1908 во пожар и бил заменет во 1909 од неокласична градба. Театарот бил наречен „Мајнингер“ (Meininger). Активноста на војводата Георг Втори довела до меѓународна слава. Денес, неговото име е Државен театар на Јужна Тирингија („Südthüringisches Staatstheater“). Има повеќе од 300 вработени и обезбедува огромен простор за опера и драма.
Хофкапеле
Дворскиот оркестар Мајнинген е еден од најстарите и најтрадиционалните оркестри во Европа. Сегашниот оркестар до 68 членови е дел од Театарот и изведува симфонски концерти и концерти за млади и присуствува на оперите.
Дворскиот оркестар бил основан во 1690 од војводата Бернхард Први. Во октомври 1880 започнал најуспешниот период на оркестарот, кој се развил во елитен европски оркестар под водство на Ханс фон Билов. Во неговиот период стигнал Јоханес Брамс во Мајнинген и соработувал со дворскиот оркестар, а понекогаш и бил негов диригент. Други познати диригенти биле Рихард Штраус од 1885 до 1886 и Макс Регер од 1911 до 1914.
Уметничка куќа
Уметничката куќа Мајнинген („Kunsthaus Meiningen“) — културна институција во историската градба на Старата пошта, во фахверк стил. Прикажува изложби на современа уметност и нуди работилници и можности за вработување на локални и странски уметници.
Музеи
Музеите во Мајнинген се состојат од шест културни и историски музеи, кои ја нудат најголемата уметничка збирка во Тирингија. Главниот музеј е во замокот Елизабетенбург („Schloss Elisabethenburg“), поранешна резиденција на војводите на Саксо-Мајнинген.
Најновиот музеј, отворен во 1999, е театарскиот музеј „Магичен свет на бината“ во поранешното школо за јавање близу палатата.
Збратимени градови
Мајнинген е збратимен со:
Ној-Улм Германија, од 1988 Биси Сен Жорж, Франција, од 2006 Обертсхаузен Германија, од 2007 Мајнинген Австрија, од 2012
Пријателски врски постојат и со градот Аделаида во Австралија, поради кралицата Аделаида (кралица на Обединетото Кралство), која е родена и израснато во Мајнинген како принцеза Аделаида од Саксо-Мајнинген.
Луѓе од Мајнинген Родени во Мајнинген
Перец Бернштејн (1890– 1971), израелски политичар Фриц Диц (1901 – 1979), глумец и продуцент Паул Ештрајхер (р. 1931), англикански свештеник Георг Втори, војвода
Познати жители
Елен Франц (1839 – 1923) (како жена на војводата: Хелене Фрајфрау фон Хелдбург), пијанистка и глумица Жан Пол (1763 – 1825), писател Лудвиг Бехштајн (1801 – 1860), писател Ханс фон Билов (1830 – 1894), диригент Рихард Штраус (1864 – 1949), диригент Јозеф Кајнц (1858 - 1910), глумец Алберт Басерман (1867 – 1952), глумец Карл Корш (1886 – 1961), марксист Макс Регер, композитор, пијанист и диригент Елизабет Гример (1911 – 1986), оперетски сопрано Фридрих Шилер, писател Јохан Волфганг фон Гете, писател Фридрих Мозенгајл, стенограф Јоханес Брамс, композитор Аделе Сандрок (1863 – 1937), глумица Бјерн Бјернсон (1859 – 1942), глумец и режисер Петер Боргелт (1927-1994), глумец Еберхард Еше (1933-2006), глумец Елина Гаранча (р. 1976), пејачка Ингрид ван Берген (р. 1931), глумица
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница на градот
Категорија:Мајнинген Категорија:Шмалкалден-Мајнинген