Бир Тавил (арапски: بيرطويل 'висок бунар') е територија во Северна Африка со вкупна површина од 2.060 км2. Територијата се наоѓа на границата меѓу Судан и Египет и ниту една држава не тврди дека територијата е нивна. Според договорот од 1902 година, територијата потпаднала под египетска власт бидејќи луѓето кои паселе стока во регионот живееле всушност во Египет. Во меѓувреме, Халаипскиот триаголник потпаднал под суданска контрола бидејќи племињата од тој регион живееле всушност во Судан. Така, двете држави се бореле за превласт врз поголемиот и поисплатлив регион, а малиот Бир Тавил не станал дел од политичките агенди на државите. Денес регионот е управуван од Египет но не е означен на карта како египетска територија.

Географија Северно од областа е планината Џабал Тавил со надморска височина од 459 м. Источно е Џабал Хаџар аз-Зарка со височина од 662 м. Територијата е една од ретките во светот за која ниту една држава не изјавила дека е нејзина.

Наводи

Поврзано Судан Египет Халаипски триаголник Terra nullius

Надворешни врски Google Sightseeing - Бир Тавил Меѓународни граници Чудни карти: трапезоидот Бир Тавил

Категорија:Географија на Египет Категорија:Географија на Судан Категорија:Спорни територии