Штајнбах-Халенберг () — мал град во округот Шмалкалден-Мајнинген, во сојузната покраина Тирингија, Германија. Се наоѓа на подрачјето на Тириншката Шума, 8 километри источно од Шмалкалден и 13 километри северозападно од Зул.
Географија Местоположба
Градот се наоѓа во долината Хазел, во југозападниот дел на Тириншката Шума (околу 4 километри јужно од патеката Ренштајг), сместен на надморска височина од 420 до 470 метри.
Градски единици
Градот се состои од следниве места:
Алтерсбах Бермбах Хергес-Халенберг Обершенау Ротероде Штајнбах-Халенберг Унтершенау Фирнау
Соседни општини
Општини со кои се граничи се Кристес, Фло-Зелигентал, Киндорф, Оберхоф, Шмалкалден, Шварца и Цела-Мелис.
Политика Градски совет
На општинските избори на 25 мај 2014 година со излезност од 50,3% биле одбрани следниве 20 претставници во градскиот совет:Thüringer Landesamt für Statistik: Gemeinderatswahl 2014 – endgültiges Ergebnis Brotterode-Trusetal.
Партија / Листа % на гласови Места CDU 49,7 % 10 FDP 18,4 % 4 Левица 14,8 % 3 SPD 4,9 % 1 Слободни гласачи 12,3 % 2
Градоначалник
Градоначалник на Штајнбах-Халенберг е Маркус Бетхер (независен).
Збратимени градови
Штајнбах-Халенберг е збратимен со следниве градови:
Штајнбах (Таунус), Германија
Галерија
Наводи
Надворешни врски
Официјална страница
Категорија:Шмалкалден-Мајнинген Категорија:Хесен-Насау