Информациски систем за автоматско управување со судски предмети (Automated Court Case Management Information System – ACCMIS, АКМИС) е името на информацискиот систем кој се користи во судската власт на Република Македонија. Во употреба е од 2009 година . Изработувач на системот е компанијата „Едусофт“ од Скопје . Системот овозможува: Заведување на судските предмети Автоматска распределба на предметите по судии Движење на предметите Управување со документи (пресуди, записници, наредби, писма, покани, доставници) Заведување на жалби и вонредни правни лекови Создавање складиште на статистички податоци за евалуација на судиите Заведување на надворешни фајлови

Наводи