мини|десно|Јан Палах

Јан Палах (; – ) — чешки студент по историја и политичка економија на Карловиот универзитет во Прага.Извршил самоубиство со самозапалување во знак на политички протест против инвазијата на Чехословачка од страна на СССР.

Во август 1969 година трупите на Советскиот Сојуз навлегле во Чехословачка за да ги уништат либерализирачките реформи на владата на Александар Дубчек, наречени Прашка пролет. Јан Палах бил прв од група студенти кои решиле да се жртвуваат во знак на протест против инвазијата. Палах се самозапалил на 16 јануари 1969 г. на прашкиот Вацлавскиот Плоштад. Неговиот чин често се смета за симболичен гест кој го означил почетокот на крајот на Железната завеса.

Палах пред смртта упатил широко распространет повик до другите студенти да не го следат неговиот пример. Неговиот погреб се претворил во масовен протест против окупацијата. Еден месец подоцна, на 25 февруари 1969 година, уште еден студен, Јан Зајиц, се самозапалил на истото место. Во април истата година нивниот пример го следел Евжен Плоцек во Јихлава.

Наводи

Надворешни врски Мултимедијален проект Биографија за Јан Палах Фотографии од Јан Палах и неговото гробно место Склуптура на Јан Палах од Герхард Јихум Меморијал за Јан Палах од радио Прага 40 години подоцна: Документи се обидуват да го расветлат самоубиството на Палах; (Радио Прага, 12 јануари 2009)

Категорија:Самоубијци Категорија:Антикомунисти Категорија:Луѓе од Прага Категорија:Прашка пролет Категорија:Чеси Категорија:Апсолвенти на Карловиот универзитет