Ники Диге Зимлинг (роден на 19 април, 1985) — дански професионален фудбалер, кој во моментов игра како играч од средниот ред за Мајнц 05 во Бундеслигата. Тој бил прогласен за дански талент на годината во категоријата за играчи под 21-на година во 2006. Тој ја претставувал својата репрезентација во сите старосни категории до 16, до 17, до 19, до 20, до 21-на година како и на сениорско ниво. Досега одиграл 15 натпревари за А-селекцијата на Данска.
Кариера Клупска кариера Кариера во Данска Како младинец Зимлинг играл за АБ 70, Тарнби, Фремад Амагер и КБ пред да премине во младинските редови на Брондби. Во јануари 2003 тој бил вклучен во првиот тим на Брондби за вториот дел од сезоната 2002-03 и го направил своето деби во април 2003, во натпревар од Данскиот куп против Алборг. Во следните две години, тој одиграл вкупно 25 натпревари во сите натпреварувања и постигнал само еден гол. Не можејќи да избори постојано место во почетната постава на Брондби, во 2005 година го напуштил клубот и се преселил во нивните соперници од Суперлигата Есбјерг. Зимлинг веднаш се изборил за место во почетната постава на својот нов клуб и одиграл одлична прва сезона, што на крајот резултирала со добивање на наградата дански талент на годината. Тој одиграл уште една и пол сезона во клубот пред да ја напушти својата земја и да се пресели во итлијанскиот Удинезе во јануарскиот трансферен прозорец 2009 година, откако му истекол договорот со Есбјерг.
Удинезе Удинезе како тим кој сака да инвестира во млади и талентирани играчи го доведува со слободен трансфер Зимлинг, кој во тој момент бил на возраст од 23 години. Тој го добил дресот со број 18, и покрај тоа што често бил помеѓу повиканите 18 играчи за натпреварите, не добил можност да дебитира. Тоа сепак се случило на 22 март 2009, во натпреварот Џенова-Удинезе 2-0 во Серија А. Зимлинг бил стартер во тој натпревар, но во 67-ата минута бил заменет од Фабио Кваљарела.Џенова-Удинезе 2-0 22 март 2009 До крајот на сезоната, Зимлинг одиграл уште три натпревари во пролетта, но неуспеал да постигне гол. Следната сезона тој одиграл само еден натпревар за Удинезе до јануари, кога бил пратен на заем во холандскиот Н.Е.Ц., за кој одиграл 26 натпрвари во кој постигнал 4 гола. Во летото 2011 Зимлинг требало да се врати во Удинезе, но клубот од Удине решил да го продаде на белгискиот ФК Клуб Брухе за половина милион евра.
Клуб Брухе Зимлинг потпишал четири-годишен договор со ФК Клуб Брухе на 27 мај 2011. Дебитирал во натпревар од квалификациите за Лига Европа, кој неговиот тим го добил со 4-1. Тој одиграл повеќе од 50 натпревари во сите натпреварувања за белгискиот клуб и постигнал еден гол.
Мајнц Во јануари 2013, Зимлинг потпишал за Бундеслигашот Мајнц за необјавена сума. Своето деби во Бундеслигата го имал против Баерн Минхен во поразот на домашен терен со 3-0, појавувајќи се како резерва на местото на Елкин Сото во 62-ата минута. На 23 февруари 2013 тој го постигнал својот прв гол за Мајнц во натпревар против Волфсбург кој завршил 1-1.Волфсбург извлече бод на гостувањето кај Мајнц 23 февруари 2012 . Само три дена подоцна тој ја погодил мрежата и на Фрајбург во натпревар од четвртфиналето на германскиот куп. Неговиот погодок во четвртата минута му донел водство на Мајнц од 2-0, но во продолжение од натпреварот петките не успеале да го сочуваат овој резултат со играч помалку и Фрајбург се пласирал понатаму по продолженија.Фрајбург се избори со негативата и се пласираше во полуфиналето
Надворешни врски Брондби профил Danish Football Association (Dansk Boldspil-Union) player profile Официјална статистка во Суперлигата статистика на кариерата на La Gazzetta dello Sport
Наводи
Категорија:Дански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Удинезе Категорија:Фудбалери на ФК Клуб Бриж Категорија:Фудбалери на ФК Мајнц 05 Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Фудбалери од Бундеслигата Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1985 година