Митко Котовчевски (роден на , ) ― македонски универзитетски професор.

Животопис Митко Котовчевски бил роден на 31 август 1956 година во Ресен. Основното и средното образование го завршил во Ресен. На Филозофскиот факултет во Скопје, тој се запишал во учебната 1975/76 година на Наставно научна студиска група за општонародна одбрана и општествена самозаштита. Студиите ги завршил за помалку од четири години како првенец на генерацијата и како прв дипломиран студент по општонародна одбрана и општествена самозаштита во Македонија.

Во учебната 1981/82 година, тој се запишал на последипломски студии на Факултетот за одбрана во Белград, кои ги завршил во предвидениот рок и со одличен успех. Магистерскиот труд го одбранил на Филозофскиот факултет во Скопје. Со академски степен доктор на науки се здобил со одбрана на докторската дисертација „Демографските карактеристики на ридско-планинските подрачја на Република Македонија и нивното значење за водење на народна војна“, на Филозофскиот факултет во Скопје во 1991 година. Со тоа, тој бил промовиран како најмлад и еден од првите доктори на науки од областа на одбраната и националната безбедност на просторите на поранешна Југославија. Својата професионална кариера ја започнал во Републичкиот секретаријат за народна одбрана на Социјалистичка Република Македонија, во областа на организациско-мобилизациските работи во системот на одбраната на Република Македонија.

Во 1981 година се вработил како помлад асистент на Филозофскиот факултет во Скопје, низ годините предавајќи ги предметите: Полемологија, Национална безбедност, Мобилизациски систем, Разузнавање, Глобални безбедносни закани, Невоени аспекти на безбедноста и Дефендологија. Во периодот од 1981 до 1989 година, ги изведувал и вежбите и предавањата по предметот Одбрана и заштита (ОНО и ОСЗ на СФРЈ I и II) на најголем број факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Во рамките на своите работни ангажмани, покрај вршењето на неговите работни задачи како наставник на Институтот за одбранбени и мировни студии, при Филозофскиот факултет и на Правниот и Филолошкиот факултет во Скопје, тој бил ангажиран и на последипломските студии на Институтот за одбранбени и мировни студии. Исто така, во два мандати бил избран за заменик раководител на Балканскиот центар за мир, каде што бил избран за координатор на наставата по предметите Мировни стратегии и Немилитарни аспекти на безбедноста. На европските последипломски студии во рамките на Филозофскиот факултет, тој бил ангажиран во тимот за изведување на наставата по предметот Европска безбедност. Во текот на 2001 година, тој бил избран за Директор на Центарот за менаџмент со кризи и член на Координативното тело за справување со кризи, основано од Владата на Република Македонија.

Во периодот од 1993 до 1995 година, и од декември 2002 година, тој ја вршел функцијата раководител на Институтот за одбранбени и мировни студии. Од 2009-2013 година, тој ја извршувал функцијата раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир. Повторно бил избран за раководител на Институтот за безбедност, одбрана и мир во 2013 година.

Творештво Книги Македонија - воена алка на светот, (воена географија на Република Македонија), Македонска цивилизација, Скопје, 1997 година. Извори на загрозување на мирот и на националната безбедност, Балкански центар за мир, Скопје, 1999 година. Македонија - воена алка на светот (военогеографски и геостратегиски аспекти), Македонска цивилизација, Скопје, 1999 и 2003 година. Тајни служби, Македонска цивилизација, Скопје, 2000 година. Национална безбедност на Република Македонија - прв дел, Македонска цивилизација, Скопје, 2000 година. Национална безбедност на Република Македонија - втор дел, Македонска цивилизација, Скопје, 2000 година. Национална безбедност на Република Македонија - трет дел, Македонска цивилизација, Скопје, 2000 година. Современи разузнавачки служби, Македонска цивилизација, Скопје, 2002 година. Дефендологија, Македонска ризница, Куманово, 2002 година. Современ тероризам, Македонска цивилизација, Скопје, 2002 година. Борба против тероризмот, Македонска цивилизација, Скопје,2004 година. Прирачник за заштита од тероризам и насилнички криминал, Македонска цивилизација и Министерство за одбрана на Република Македонија, Скопје, 2005 година. Дефендологија (второ изменето и дополнето издание), Македонска ризница, Куманово, 2005 година. Етиологија на вооружените конфликти, Митко Котовчевски, Скопје, 2007 година. Разузнавачко-безбедносната заедница на САД после 11 септември 2001 година, Митко Котовчевски, Скопје,2007 година. Англиско-македонски речник на разузнавачката терминологија,Филозофски факултет, Скопје, 2007 година. Тајните служби на Балканот, Филозофски факултет, Скопје,2007 година. Англиско-македонски и македонско-англиски речник на разузнавачката терминологија, Митко Котовчевски, Скопје, 2009 година. Национална безбедност, Филозофски факултет, Скопје, 2011 година. Полемологија, Филозофски факултет, Скопје, 2011 година. Менаџирање на терористички закани, Филозофски факултет, Скопје, 2011 година.

Прилози во научни публикации Утврдување на моделот за прогноза на населението во ридско-планинските и пограничните подрачја на Република Македонија, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје. Теории и доктрини на современите ограничени (локални) војни до распадот на СССР, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје. Влијанието на демографските движења врз подготовките и водењето на одбранбената војна во современи услови, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје. Конгресната контрола врз разузнавачко-безбедносниот систем на САД, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје. Воено-демографски одлики на Република Македонија, Годишен зборник на Филозофскиот факултет, Скопје. Тероризам современо светско зло, Одбрана, бр.59, посебен прилог(студија). Балканот-геополитички крст, Современа македонска одбрана, бр.1,Скопје, 2000. Систем за национална безбедност на Република Македонија,Современа македонска одбрана, бр. 2, Скопје, 2000. Разузнавачко-безбедносна заедница на Руската федерација, Современа македонска одбрана, бр. 3, Скопје, 2001. Конфликти, видови и нивна трансформација, Современа македонска одбрана, бр. 5, Скопје, 2002. Разузнавањето - златен клуч во борбата против тероризмот, Современа македонска одбрана, бр. 6, Скопје, 2002. Разузнавачко-безбедносниот систем на државната заедница Србија и Црна Гора, Современа македонска одбрана, бр. 7, Скопје, 2003. Граѓанската војна однатре, Современа македонска одбрана, бр. 8, Скопје, 2003. Вооружениот бунт однатре, Современа македонска одбрана, бр. 9, Скопје, 2004. Разузнавачко-безбедносната заедница на Босна и Херцеговина, Современа македонска одбрана, бр. 10, Скопје, 2004. Панбунт, Современа македонска одбрана, бр. 11, Скопје, 2005. Разузнавачко-безбедносна заедница на Р. Бугарија, Современа македонска одбрана, бр. 12, Скопје, 2005. Трансформација на разузнавачките служби на Р. Грција и Р. Албанија, Современа македонска одбрана, бр. 13, Скопје, 2006. Револуцијата однатре, Современа македонска одбрана, бр. 14, Скопје, 2006. Разузнавачко-безбедносната заедница на САД после терористичките напади на 11 септември 2001, Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, 2006. Војна за ресурси, Современа македонска одбрана, бр. 15, Скопје, 2007. Разузнавачко-безбедносна заедница на Р. Хрватска, Современа македонска одбрана, бр. 16, Скопје, 2007. Современи теории за револуциите, поимовно-терминолошко определување на револуцијата, Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, 2007. Актуелната организациска поставеност на разузнавачко-безбедносните заедници на Р. Хрватска и Р. Словенија, Современа македонска одбрана, бр. 17, Скопје, 2008. Историско-компаративна анализа на разузнавачко-безбедносните системи на Албанија и Романија во ерата на комунизмот, Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, 2008. Силата, моќта и политиката во контекст на војната и војувањето, Современа македонска одбрана, бр. 18, Скопје, 2009. Конфликтите, тероризмот и пенетрацијата на вахабизмот Етиолошки одлики на транснационалниот организиран криминал и корупцијата и нивното влијание врз националната и транснационалната безбедност, Годишен зборник на Филозофски факултет, Скопје, 2009. Конфликтите, тероризмот и пенетрацијата на вахабизмот на Балканот, Зборник на трудови од меѓународната научна конференција, Балканот - безбедносен предизвик за Европа и меѓународната заедница, Охрид, Филозофски факултет, Институт за безбедност, одбрана и мир, 2010. Organizational structure of the new model of the system for national security of Republic of Macedonia, Security in the post-conflict (Western) Balkans: transition and challenges faced by the Republic of Macedonia, St. Clement of Ohrid University - Bitola, Faculty of Security - Skopje, Macedonia, 2011. Safety analysis of the plan for managing the conflict of 2001 in the Republic of Macedonia, Security and euroatlantic perspectives of the Balkans-Police science and police profession, St. Clement of Ohrid University - Bitola, Faculty of Security -Skopje, Macedonia, 2012.

Наводи

Надворешни врски Митко Котовчевски на службената страница на Филозофски факултет - Скопје

Категорија:Македонски универзитетски професори Категорија:Македонски писатели Категорија:Апсолвенти на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Магистри на Белградскиот универзитет Категорија:Доктори на Филозофскиот факултет - Скопје Категорија:Професори на Филозофскиот факултет - Скопје