Апозиција — второстепен и самостоен реченичен елемент. Апозицијата може да е еден збор, фраза или реченица која е дополнителен елемент на реченицата и не зависи од останатите реченични елементи. Апозицијата најчесто се јавува меѓу запирки.

Особености

Апозицијата може да се јави покрај секој реченичен член освен покрај прирокот. Со други зборови, апозицијата може да се користи покрај подметот, предметите и прилошките определби. Апозицијата и членот до кој се јавува апозицијата имаат исти вредности и често може да се менуваат меѓусебно. Така на пример земена е реченицата:

Вардар, најголемата река во Македонија, извира во Вруток.

Во реченицата, „Вардар“ е подмет, „најголемата река во Македонија“ е апозиција, „извира“ е прирок и „во Вруток“ е прилошка определба. Според наведеното горе, апозицијата и членот до кој се јавува апозицијата (во овој случај „Вардар“) можат да си ги заменат местата и функциите:

Најголемата река во Македонија, Вардар, извира во Вруток.

Така, во оваа ситуација „Вардар“ е апозиција, „Најголемата река во Македонија“ е подмет. Во двата примера местото е подметно, односно двата реченични члена се подметни. Сепак апозицијата може да се јави и на месото на директен предмет, индиректен предмет, прилошки предмет и прилошка определба.

пр. Јас го сликав Вруток, изворот на реката Вардар. — директен предмет Слики му цртаме на Вруток, изворот на реката Вардар. — индиректен предмет Тој пееше за Вруток, изворот на реката Вардар. — прилошки предмет Ние возевме кон Вруток, изворот на реката Вардар. — прилошка определба

Наводи

Поврзано Македонска граматика Синтакса на македонскиот јазик

Надворешни врски Атрибут и апозиција — блог.

Категорија:Синтакса на македонскиот јазик