thumb|right|Водокулата — обележје на Манхајм.
Манхајм () — град во Германија. Со 307.640 жители, тој е вториот најголем град во сојузната држава Баден-Виртемберг, по престолнината Штутгарт.
Манхајм се наоѓа на местото каде се спојуваат реките Рајна и Некар, во северозападниот агол на Баден-Виртемберг. Рајна го дели Манхајм од Лудвигсхафен, град во Рајнската област-Пфалц. Хесенската граница е северно од градот. Манхајм е најголемиот град во областа Рајна-Некар која брои околу 2,4 милиони жители.
Симболот на Манхајм е водокулата („Васертурм“), сместена во централното градско подрачје.
Занимливости Во 1886 г. Карл Бенц го претставува првото наменско моторно возило „Benz Patent-Motorwagen“ на улицата Рингштрасе во овој градBertha Benz Memorial Route.
Наводи
Категорија:Градови во Баден-Виртемберг Категорија:Карлсруе (административен округ) Категорија:Универзитетски градови во Германија Категорија:Плански градови Категорија:Безокружни градови во Баден-Виртемберг Категорија:Баден Категорија:Историја на Пфалц