Даут-пашин амам — стар амам и денешна ликовна галерија во Скопје, на почетокот од Старата скопска чаршија, во непосредна близина на црквата „Св. Димитрија“. Градбата била изградена на крајот на XV век, како завештание на Даут-паша, во чијашто чест и го добила името. Постојат сознанија дека амамот никогаш не бил пуштен во употреба како амам, а како поткрепа за тоа се наведуваат две легенди. Денес, амамот се употребува како ликовна галерија и во него е сместено седиштето на Националната галерија на Македонија.Национална галерија на Македонија, официјално мрежно место. Регистриран е како паметник на културата на Република Македонија.
Историја мини|Земјотресот во Скопје од 1963 година: Даут Пашин Амам мини|Земјотресот во Скопје од 1963 година: Даут Пашин Амам Амамот е изграден во периодот од 1489 до 1497 година, како завештание на тогашниот везир на Румелија, Даут-паша, но имињата на неговите архитекти сè уште се непознати. Објектот тешко настрадал во пожарот од 1689 година и бил препуштин на постепено пропаѓање. Бил обновен во 1948, кога е пренаменет во ликовна галерија. Оштетувања претрпел и со земјотресот во 1963, но набргу бил реновиран и оттогаш повторно работи како уметничка галерија. Денес, тој е единствената преостаната градба на некогашната „исламска тројка“, која уште ја сочинувале џамијата Ибни Пајко и карвансарајот.Даут-пашин амам, Проект „Стара скопска чаршија“.
Архитектура Објектот има правоаголна форма, со мали незначителни проширувања на неговата јужна и северна страна. Неговата архитектура е монументална, а изградбата е изведена со префинетост. Ѕидовите на градбата се масивни и содржат мали отвори со лачно и архитравно засводени полиња, во кои се сместени прозорците и вратите. Влезните врати се наоѓаат на ѕидови кои се изведени со профилирани плочи, а на западната страна од фасадата на амамот се наоѓа отвор, кој е врамен во профилирана мермерна рамка, во која се наоѓала плоча со натпис. Внатрешноста е покриена со 13 куполи со различна големина, од кои се издвојуваат двете најголеми на западната страна, додека останатите 11 се несиметично распоредени над другиот дел од амамот. Во објектот се наоѓаат 15 простории, кои се осветлени со помош на ѕвездестите отвори на куполите покриени со стакло. Од внатрешната страна, ѕидовите биле украсени со живописна орнаментика. Бидејќи претставувал двоен (чифте) амам, имал два посебни влеза, еден за мажи, и еден за жени. Во склад со исламските канони, вака поделените влезови не се наоѓале на иста страна.Даут-Пашин Амам – Скопје , Културна мапа.
Легенди Според сознанијата, Даут-пашиниот амам никогаш не бил пуштен во употреба како амам, за што постојат две легенди. Според едната, за затоплување на амамот биле потребни големи кличества на огревни дрва, кои не можеле да се обезбедат поради тоа што шумата на планината Водно била речиси уништена, па недостигот на огревно дрво го оневозможил пуштањето во употреба на објектот. Втората легенда е врзана за ќерката на Даут-паша, која пред пуштањето во употреба го посетила амамот и била касната од змија-отровница и потоа починала. Тогаш, Даут-паша наредил анот да биде затворен и никогаш повеќе да не се користи.
Поврзано Национална галерија на Македонија Стара скопска чаршија.
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Знаменитости во Скопје Категорија:Исламски споменици на културата во Македонија Д Категорија:Отомански амами во Македонија