мини|Бараки во населбата Шуто Оризари по Скопскиот земјотрес, подарок од САД, 1964 Шуто Оризари или Шутка — населба во северниот дел на Скопје и седиште на истоимената општина. Населена е главно со Роми.
Историја Кон крајот на XIX век Шуто Оризари било мало македонско село во Скопската Каза на Отоманското Царство.
Население Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. населението на Шуто Оризари се состоело од 84 Македонци христијани.
На етничката карта од 1927 . Леонард Шулце Јена го укажува Оризаре (Orizare) како село со нејасен ентички состав.Leonhard Schultze Jena. "Makedonien, Landschafts- und Kulturbilder", Jena, G. Fischer, 1927
На етничката карта на Северозападна Македонија од 1929 г. Афанасиј Селишчев го обележал Оризари како македонско село.Афанасий Селищев. „Полог и его болгарское население. Исторические, этнографические и диалектологические очерки северо-западной Македонии“. – София, 1929.
Шуто Оризари почнало да расте и коренито да го менува етничкиот состав по Скопскиот земјотрес од 1963 година. Со обновата на градот во местото се населиле претежно Роми. На грбот на населбата стои чакрата (тркалото) од ромското знаме.
Според пописот од 2002 година, Шуто Оризари има 15.353 жители.
Народ Вкупно Македонци 481 Албанци 1205 Турци 49 Роми 13.201 Власи 0 Срби 34 Бошњаци 138 останати 245
Наводи
Категорија:Населби и маала во Скопје Категорија:Општина Шуто Оризари