Тихи Океан или Пацифик (латински: Mare Pacificum што значи тивко т.е., тихо море) — најголемиот и најдлабокиот океан на Земјата. Се протега од Беринговото Море на Арктикот до Антарктикот на југ и од Индонезија до Колумбија. Површината на океанот изнесува 179 милиони км2, а најдлабоката точка е 11 км под површината на водата која се наоѓа во Мариканскиот Ров близу Маријанските Острови што воедно ја претставува и најголемата длабочина на море во светот. Во Тихиот Океан има голем број острови и островски држави. Исто така во Тихиот Океан постојат околу 25.000 острови (повеќе отколку во сите океани заедно), од кој најмногу се наоѓаат јужно од екваторот.
Долж неправилните западни граници на Тихиот Океан, лежат многу рабни мориња, од кои најголеми се Коралното, Јужнокинеското, Јапонското, Тасмановото и Жолтото. Малачкиот Проток е споен со Индискиот Океан на запад, како и Магелановиот Проток на исток со Атлантикот. На север, Беринговиот Проток го спојува со Северноледениот Океан.
Како Тихиот Океан се шири на ± 180° географска должина, на запад станува исток, азиската страна на океанот правилно се смета за источна на Тихим океан, додека спротивната страна е западната на Тихиот Океан. Датумската граница поголемиот дел ја прати ±180° географска должина која се разграничува на источен и западен дел. Но, на некој места се одделува од таа географска одредница. Тако на север се врти спрема исток да би се заокружил најисточниот дел на Азија, потоа се врти спрема запад посетувајќи ги Алеутските острви, за да потоа многу појужно се сврти спрема запад како би се опфатила острвската држава Кирибати и уште некои помали острови.
Во текот на патувањата на Фернандо Магелан до Филипините, по излегувањето од теснецот низ Огнена земја (теснец кој подоцна го добил името по него) познат по јаките бури, тогаш му се причинило дека Тихиот Океан е многу мирен, по што и го добил името. Сепак ,подоцна се испоставило дека не е секогаш мирен. Копното по Тихиот Океан е подложно на вулкански ерупции и земјотреси. Исто така, бројни тајфуни започнуваат на тоа подрачје. Еден од најопасните е цунами, (кои се последица на подводните потреси) со огромни бранови кои ги уништуваат островите и градовите на својот пат.
Држави и територии Држави и територии кои се наоѓаат во самиот океан или граничат со истиот:
Независни држави
Територии
(САД) Остров Бејкер (САД) Валис и Футуна (Франција) Вејк (САД) (Чиле) (САД) Кингменов Гребен (САД) Коралноморски Острови (Австралија) (Нов Зеланд) (Кина) Мидвејски Атол (САД) (Нов Зеланд) (Франција) (Австралија) Палмирски Атол (САД) (ОК) (САД) (Нов Зеланд) (Франција) Хоуленд (САД) (Кина) Џарвис (САД) Џонстонов Атол (САД)
Тихиот Океан како тема во уметноста и во популарната култура Некои дела од областа на уметноста и популарната култура се инспирирани од Тихиот Океан, како на пример: „Тихиот Океан, Pacific grows“ — расказ на рускиот писател Едуард Лимонов.Едуард Лимонов, Девојка-ѕвер!. Скопје: Темплум, 2007, стр. 31-35.
Наводи
Категорија:Океани