Белмопан е главен град на Белиз и има околу 14.000 жители.

Се наоѓа на надморска висина од 76 метри. Бил изграден источно од истоимената река, 80 километри од брегот на Карипското Море, каде се наоѓа поранешниот главен град на Белиз - Белиз. Градот Белиз бил седиште на државата Белиз сè до неговото уништување од ураган во 1961 година.„Ураганот со три имиња“ Владата се преселила во Белмопан во 1970. Зградата на народното собрание е дизајнирана така што претставува преткокумбовски мајански храм. Белмопан е еден од најмалите главни градови во светот.

Наводи

Надворешни врски

Карта на Белмопан Онлајн-Портал за Белмопан

Категорија:Белиз Категорија:Градови во Белиз Категорија:Белмопан Категорија:Главни градови во Средна Америка Категорија:Плански градови Категорија:Населени места основани во 1970 година