Северниот сото (познат и како педи, сепеди; самонар. „сесото са Лебоа“) е банту-јазик што го говорат 4.208.980 жители (2001) на покраините Гаутенг, Лимпопо и Мпумаланга во ЈАР.

Урбаните говори содржат и чкрапки поради постојаното влијание од нгунските јазици.

Класификација Северен сото е јазик (или збир од соседни јазици) во состав на сотската гранка на Зона S (S.30) на семејството банту (во нигер-конгоанското колено). Најсроден е на јужниот сото (сесото), цвана, кгалагари и лози.

Се состои од неколку посебни јазици или дијалекти, од кои предоминантен е педи (сепеди), поради што во минатото целата група се поистоветувала со овој говор.

Наводи

Поврзано Јужен сото Сотоцвански јазици Басото

Надворешни врски

Северносотско-англиски речник Панјужноафрикански јазичен одбор

мини|центар|350п|Географска застапеност на северниот сото во ЈАР: дел од населението што говори некој облик на северен сото во домот.

Категорија:Јужни банту-јазици Категорија:Јазици во Јужноафриканската Република