Пустец (; службено до 2013 г. , Лиќенас) — село во Мала Преспа, Албанија, во рамките на областа Горица (Корча) со македонско население.
Географија и местоположба мини|лево|Панорама на Пустец
Пустец e село во Република Албанија и административен центар на Општина Пустец, и се наоѓа во јужниот дел на областа Мала Преспа на брегот на Преспанското Езеро.
Во атарот на Пустец се наоѓа островот Мал Град.
Топонимија Во атарот на Пустец се познати следниве позначајни топоними:
Апстара, Арапица, Бабите, Башите, Божурките, Брекина, Варниците, Габро, Гапче, Гола Чука, Голина, Горица, Граци, Грашишта, Гробишник, Гуалник, Ѓуптино, Дебелес, Долимано, Доличките, Долно Родостински, Долчето, Драгва Нива, Дрен, Дрмељ, Змија, Иљојте, Јамите, Јамје, Јарината, Калаузо, Колиња, Кољојца, Коријата, Косто Дол, Кравите, Л’ка, Ливадата, Магур, Мал Град, Мали Магур, Мали Манстир, Мечката, На Кол, На Поле, Над Камен, Новото, Патеш, Плошта, Прливец, Пустец, Рачара, С’ржејнца, Секоите, Сината Нива, Скапецот, Смокоите, Сопот, Стари Кладенец, Сува Гора, Точкојца, Улјајнца, Цероите, Чежмите, Шантајца.
Историја Во селото постои црква „Св. Архангел Михаил“ изградена во 1754 година.
Стопанство Економската состојба во селото и целиот крај е катастрофална. Само 5% од жителите се вработени, а населението главно се занимава со земјоделство, риболов, сточарство и продавање на разна стока на пазарите во поголемите градови во Македонија и Албанија.
Демографија мини|десно|Двојазична табла во Пустец Во 1900 година според Васил К’нчов селото броело 410 православни Македонци. Во селото денес живеат околу 3.500 жители од кои над 99 % се Македонци.
ГодинаНаселение 1900 410 1926 515 1945 565 1960 697 1969 788 1979 941 1989 1.035 2000 1.12020133.500
Родови Пустец е македонско село.
Родови во селото се: Аговци, Бачиновци, Бојковци, Вељановци, Ватиовци (Ѓоргијовци), Вангеловци, Волкановци, Главчевци (доселени се од Церје во 1976 година), Дамовци, Дуровци, Ѓавовци, Журковци, Ѕрлевци, Јоновци, Колевци, Кољаковци, Малевци (доселени од Глобочани), Митревци, Мренкаровци, Наумовци, Ничовци, Пашкаловци, Поповци, Постоличините, Сотировци (доселени од Церје), Ставревци, Трајковци (доселени од Церје), Тенковци, Таневци, Трајановци, Цазовци, Џељовци и Ушкаровци.
Општествени установи мини|десно|Црквата „Св. Архангел Михаил“ во Пустец
Во селото работат основно и средно училиште, а овозможено е образование на македонски јазик само до четврто одделение. Во рамките на училиштето во Пустец постои и библиотека со огромен фонд на книги на македонски јазик.
Културни и природни знаменитости
Редовни настани
Збратимени општини Општина Новаци, Македонија
Личности Едмонд Темелко — градоначалник Трајан Ѓорѓиовски Митре Колевски Валентина Нестор (р. 1971) — јазичарка
Култура и спорт
Иселеништво
Поврзано Мала Преспа Организација „Преспа“ Голо Брдо Друштво „Мир“
Наводи
Надворешни врски Службен портал на Македонците во Албанија
Категорија:Македонски населби во Албанија