Даниел од Москополе, Даниил Москополски () или Даниел Михаил Хаџи — влашки научник, гркоман, автор на Речник на четири јазици ()проф Младенов, С "Две доста познати српски книги", списанието "Словенска Разговор", 1938 година, кн.1 кои се зборувале во Македонија.

Животопис Даниил од Москополе е роден во 1754 година во големиот град Москополе, културен и трговски центар на Балканот во тоа време. Учел кај Теодорос Кавалиотис, професор од XVIII век и директор на „Нова академија“. Во 1794 година Даниел составил четиријазичен речник на ромејски (т.е. грчки), влашки (т.е. аромански), и според Даниел на „бугарски“ (кој всушност е македонски и е заснован на битолскиот и охридскиот говор) и арванитски (т.е. албански), кој го издал во печатницата во Москополе. Тоа се случшло со помошта на Митрополитот Нектариј Бугарската преродба интелигенција (енциклопедија), ДИ "Д-р Петар Берон", Софија, 1988, стр. 179.. Преку него Даниил се надевал дека ќе ги убеди Албанците, Ароманите, Македонците и Бугарите да ги остават „варварските јазици“, и да изучуваат само грчки, па на крајот да се погрчат. Неговата книга била реиздадени во 1802 година во Дубровник"Четиријазичниот речник на Даниил (грчки и бугарски дел). Годишник на Софискиот универзитет. Факултет за западни филологија, односно LXX, Софија, 1976, стр 5 - 180. или ВенецијаJ. Kristophson, Das Lexikon Tetraglosson des Daniil Moschopolitis, in: Zeitschrift für Balkanologie, 10 (1974), pp. 7-128. Даниило умрел во 1825 година.

Наводи

Категорија:Власи Категорија:Гркомани Категорија:Родени во 1725 година Категорија:Починати во 1825 година Категорија:Луѓе од Москополе