мини|Ovis musimon. Муфлонот спаѓа во класата цицачи, ред папкари, подред-преживари.

Распространетост Првата татковина на муфлонот, или како што некои го нарекуваат дива овца, се островите Корзика и Сардинија„Ловечки прирачник“, Скопје, октомври 1978. Од овие острови е населен во многу земји на Средна и Источна Европа. Во Германија, Чешка,Словачка, Австралија и во некои други земји, муфлонот го одгледуваат во затворени ловишта. Во нашата земја се одгледува во неколку места во оградени ловишта, најмногу во резервато „Јасен“

Градба Мажјаците имаат многу јаки рогови кои се свиткани како роговите на домашниот овен. Женките немаат рогови, туку само кај некои од нив израснуваат мали рокчиња. Муфлоните можат да израснат во височина до 75 см., а во тежина до 130 кг.

Размножување Парењето зпочнува во месец октомври и трае сè до декември. Женката носи околу 5 месеци така што во март или април, речиси редовно ојагнува само едно јагне.

Населување на муфлонот во нашата земја Досегашните резултати во населувањето на муфлонот во нашата земја охрабруваат, па заслужува да му се посвети посебно внимание, особено за подрачјето на Македонија.

Наводи

Категорија:Дивеч во Македонија