Карлос Алберто Бетанкур Гомес (; р. ) — колумбиски професионален друмски велосипедист, кој вози за UCI World Tour екипата .
Кариера
Во 2010 година ја освоил етапната трка Џиробио; аматерска верзија на Џиро д’Италија, а во 2011 година победил на Џиро дел’Емилија, негова прва освоена професионална трка.
Бетанкур требало да се приклучи на екипата во 2012, но останал со екипата . Бетанкур го напуштил на крајот на сезоната 2012 и преминал во со двегодишен договор од сезоната 2013.
Аг2р-Ла Мондијал (2013–2015)
Ја започнал сезоната во 2013 со седмо место на Трката околу Баскија, вклучувајќи го второто место на третата етапа. Потоа продолжил да вози на арденските класици, завршувајќи трет на Флеш Валон по раниот напад на само 500 метри пред целта и четвртото место на Лиеж-Бастон-Лиеж, каде со неговиот напад била создадена избрана група од шесторица кои се бореле за победа.
По 12. место на Тур де Романди, Бетанкур заминал на Џиро д’Италија. Отпрвин имал лоши резултати, откако изгубил време на спустот на третата етапа и на долгиот хронометар на осмата етапа, по кој бил на 28. место и 6 минути и осум секунди зад предводникот и крајниот победник Винченцо Нибали. Меѓутоа, по вторите места на деветтата етапа, десеттата, и петнаесеттата, и неколку други одлични резултати на други планински етапи, успеал да се искачи до седмото место и бил на само две секунди до носителот на белата маичка за најдобар млад возач (која всушност успеал да ја преземе на петнаесеттата етапа, но ја загубил на хронометарот на етапата 18) до претпоследната етапа. На последната планинска етапа, иако му се дупнала гума на последното искачување, успеал да ги достигне и да ги претекне повеќето соперници во генералниот пласман, завршувајќи четврти. Ја завршил трката како најдобар млад возач и петти во генералниот пласман.
Во декември 2013, Бетанкур потврдил дека ќе се насочи на Тур де Франс за 2014 година. Меѓутоа, пропуштил да дојде во Франција на 3 јуни, соопштувајќи дека има вирусна инфекција и ја променил неговата цел на Вуелта а Еспања.
Во август 2015 година, објавиле дека го ослободуваат од договорот со екипата, кој требало да трае до крајот на 2016 година.
Мовистар (2016–денес)
Подоцна, во октомври објавиле дека потпишале двегодишен договор со Бетанкур од 2016 година. Бетанкур ја освоил својата прва трка за екипата - првата етапа на Вуелта а Кастиља и Леон - завршувајќи го 760-дневното чекање за победа. Последна трка која ја освоил била Париз-Ница 2014.
Во јуни 2017 година бил именуван во почетниот состав за Тур де Франс 2017.
Достигнувања
2009 2. Светско друмско првенство под 23 години 2010 1. Краен пласман Џиро д’Италија под 27 години (Џиробио) 1. Етапа 4 1. Етапа 5 1. Етапа 1 Вуелта а Колумбија 2011 1. Џиро дел’Емилија 9. Џиро ди Ломбардија 2012 1. Трофео Мелинда 1. Етапа 5 Трка околу Белгија 1. Етапа 5 Џиро ди Паданија 4. Краен пласман Џиро дел Трентино 1. 20п Пласман за млад возач 4. Краен пласман Четири дена Динкерк 2013 3. Флеш Валон 4. Лиеж-Бастон-Лиеж 5. Краен пласман Џиро д’Италија 1. 20п Пласман за млад возач 7. Краен пласман Трка околу Баскија 2014 1. 20п Краен пласман Париз-Ница 1. 20п Пласман за млад возач 1. Етапа 5 1. Етапа 6 1. 20п Краен пласман Тур ди От Вар 1. 20п Бодовен пласман 1. Етапа 1 2016 1. Етапа 2 Вуелта а Астурија 9. Краен пласман Вуелта а Кастиља и Леон 1. Етапа 1 2018 4. Класика Примавера 5. ГП Мигел Индураин 2019 1. Класика Примавера 8. Краен пласман Тур де Свис
Распоред на резултатите на етапните трки
Распоред на резултатите на големите трки Голема трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро59—5—20СО —15 — 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——————18—— 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта——126158——СО——Распоред на резултатите на етапните трки Етапна трка 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 2019 Париз-Ница — — —1 — — — — — Тирено-Адријатико — 44 — — 116 — — — — Волта а Каталуња — — 46 НЗ НЗ — — — — Трка околу Баскија — —7 СО 98 — — 27 СО Тур де Романди — — 13 — СО — 43 СО 11 Критериум ди Дофине — — — — — — — — — Тур де Свис — — — — — — 17 —8
СО = се откажал; — = не учествувал
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Родени во 1989 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Колумбиски велосипедисти