Чукарка — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Се наоѓа јужно во Прешевската долина веднаш до српско-македонската граница и магистралниот пат Белград-Скопје.
Во селото постои џамија, српската црква Св. Ѓоргија, основно училиште и селски гробишта. Исто така има и воден резервоар, кое служи за снабдување на селото со вода.
Според пописот од 2002. селото имало 512 жители (според пописот од 1991 селото имало 526 жители).
Демографија Во селото Чукарка живеат 307 полнолетни жители, а просечната старост на населението изнесува 28,9 години (28,5 кај машките и 29,3 кај жените). Во селото има 105 домаќинства, а просечниот број на членови по домаќинство е 4,88.
Ова село е главно населено со Албанци (според пописот од 2002 година).
Српското население во селото ги слават Св. Петка, Св. Архангел и Св. Никола. Населението е доселено од 1924. до 1931. година од Ристовац кај Врање, Горна Пчиња и други места.
Статистички податоци
Наводи
Категорија:Населени места во Јужна Србија Категорија:Населени места во Вардарска Македонија Категорија:Прешево Категорија:Албански населби во Србија