Зондерсхаузен () — град во сојузната покраина Тирингија, Германија, кој претставува административно средиште на округот Кифхојзер, сместен околу 50 километри северно од покраинскиот главен град Ерфурт. На 1 декември 2007 година, поранешната општина Шернберг била припоена кон Зондерсхаузен.

До 1918 година, градот бил резиденција на Кнежевството Шварцбург-Зондерсхаузен, а до 1920 одина главен град на Слободната Држава Шварцбург-Зондерсхаузен.

Географија Местоположба

Зондерсхаузен се наоѓа во долината на Випер, опколен од ридските масиви Хајнлајте на југ и Виндлајте на север. Највисока точка е Фрауенберг со 411 метри.

На југ се наоѓа градот Ерфурт оддалечен околу 50 километри, додека на север се наоѓа градот Нордхаузен.

Градски единици

Градски единици се:

Зондерсхаузен (центарот на градот) Борнтал Хазенхолц Естертал Бебра Берка Гросфура Јеха Јехабург Штокхаузен Гросбернтен Химелсберг Хоенебра Именроде Клајнбернтен Шернберг Штраусберг Талебра

Политика Градски совет

Градскиот совет на Артерн бил избран на општинските избори на 26 мај 2019 година, што довело до следнава распределба:

Партија / Листа Места Народна солидарност 7 CDU 6 Freie Wähler 4 ЛевицаЗелени 31 SPDNUBI* 31 AFD 3 NPD 2 * Нова независна граѓанска иницијатива

Градоначалник

Градоначалник на градот Зондерсхаузен е Штефен Грим (независен).

Збратимени градови

Зондерсхаузен е збратимен со следниве градови:Partnerstädte auf Sondershausen.de

Пеканкур, Франција (од 1969 г.) Рола, САД (од 1998 г.) Казлу-Руда, Литванија (од 2000 г.)

Галерија

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Кифхојзер (округ)