Свети Константин и Елена — главна селска црква во струмичкото село Мокрино, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во повисокиот дел на селото.
Историја
Црквата била изградена во 1874 или 1876 година, при што и двете години се испишани на фасадата на црквата, односно над главниот и споредниот влез на црквата.
Архитектура
Градбата на црквата е трикорабна. Црквата е во добра состојба.
Во 2015-2016 година била обновена фасадата со премалтерисување, затворање на тремовите и поплочување на подот.
Фрескоживопис
Црквата била живописана во 1874 или 1875 година, најверојатно од зографот Анаос од Мелник.
Sидното сликарство е во катастрофална состојба и потребна е негова итна реставрација. Адезионата врска на живописниот слој со малтерот е загубена, со што живописниот слој се распрашува или е во процес на негово лупење. Загубите се околу 50%, простирајќи се по целата површина на ѕидното сликарство, со што се заканува да се загуби целиот живопис.
Икони и иконостас
Црквата поседува дрвен иконостас.
Галерија
Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Мокрино
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Свети Константин и Елена во Македонија Категорија:Дела на Мелничкото ликовно средиште