Свети Ѓорѓи — главна селска црква во струмичкото село Ново Село, Македонија.

Местоположба

Црквата се наоѓа во северниот дел на селото, во непосредна близина на посебното основно училиште „Св. Климент Охридски“.

Историја

Црквата била изградена во 1842 година.

Според записот во книгата Минеј од поп Марко, во август 1863 година таа била оштетена од земјотрес, а потоа била обновена во 1864 година.

Архитектура

Претставува трикорабна псевдобазилика со рамна таваница и со отворени тремови (припрати) во облик на буквата „Г“ на север и запад.

Состојбата на црквата е добра и единствено се забележува присуство на влага во олтарниот дел и отпаѓање на малтер од корабните делови и покривот.

Фрескоживопис

Живописот го има насликано зографот Андон Петров од селото Гари во 1864 година.

Sидното сликарство е во катастрофална состојба и е потребна итна конзервација.

Икони и иконостас

Престолните и дел од празничните икони во црквата се дело на Никола Михаилов, насликани во 1849 година, додека неколку икони ги има насликано Андон Петров од селото Гари.

Галерија

Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Ново Село

Наводи

Надворешни врски

Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија

Категорија:Храмови посветени на Свети Ѓорѓи во Македонија