мини|десно|Дејвид Лојд Џорџ

Дејвид Лојд Џорџ, I Ерл од Дујфор (; 17 јануари 1863 - 26 март 1945) — британски државник и министер во либералната влада од (1905-1915), на коалиционата влада (1915-1916) и премиер на Велика Британија (1916-1922). Лојд Џорџ еден од основачите на англиското трудово законодавство, со кој се вовело осумчасовното работно време на рударите, правото на штрајк, државните пензии и здравствената и социјална заштита.

Тој бил еден од главните учесници на мировната конференција во Версај и значително влијаел на приликите во Европа по Првата светска војна.

Категорија:Премиери на Обединетото Кралство Категорија:Велшки политичари Категорија:Британски политичари Категорија:Британски ерлови Категорија:Носители на британскиот Орден за заслуги Категорија:Луѓе од Манчестер Категорија:Родени во 1863 година Категорија:Починати во 1945 година Категорија:Носители на Големиот крст на Легијата на честа