Свети Атанасиј — главна селска црква во струмичкото село Барбарево, Македонија.Во „Карта на верски објекти во Македонија“ црквата е погрешно именувана како Св. Ѓорѓи.
Местоположба
Црквата се наоѓа во источниот дел на селото, на доминантна височинка над селото.
Историја
Била изградена во 1870 година.
Архитектура
Храмот има облик на трикорабна псевдобазилика со рамен дрвен таван на три кораби.
Икони и иконостас
Иконостасот во црквата е направен во 1898 година од струмичкиот зограф Григориј Пецанов.
Галерија
Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Барбарево
Наводи
Надворешни врски
Категорија:Храмови посветени на Свети Атанасиј во Македонија