Џанлука Песото (роден на 11 август 1970 година во Латисана, Удине) — поранешен италијански фудбалер, .
Тој е поранешен репрезентативец на Италија, а поголемиот дел од својата кариера го поминал во дресот на Јувентус. Песото во текот на неговата кариера најчесто играл како лев бек, но често бил преместен и понапред како играч од средниот ред по левата страна. Исто така тој бил користен и како десен бек, па дури играл и како централен дефанзивец.
Моментално работи како спортски директор во Примавера тимот на Јувентус.
Кариера Клупска кариера
Песото ја започнал кариерата во јуниорите на Милан, додека професионалното деби го направил во Серија Ц2 во 1989 година во дресот на Варезе, клуб за кој во две сезони собрал 64 првенствени настапи. Потоа, тој играл за екипите на Масезе во Серија Ц1, како и за Болоња и Верона во Серија Б (1992-1993 и 1993-1994).
По импресивните настапи во втората лига на италијанскиот фудбалски лигашки систем, во сезоната 1994-1995, Песото потпишал за Торино со кој дебитирал во Серија А на 4 септември 1994 во натпреварот Торино- (0-2). Веќе во својата прва сезона, тој обезбедил место во почетната постава на биковите, забележувајќи 32 настапи и еден гол во првенството.
После во голема мера импресивната деби сезона во Серија А, во летото 1995 година, Песото се преселил во градскиот соперник на Торино, Јувентус, за 7 милијарди италијански лири. Тој ги одиграл следните 11 сезони во дресот на Јувентус, клуб со кој Песото освоил сè, започнувајќи од Лигата на шампионите 1995-1996: во финалето против решено после изведување на пенали, откако по редовното и дополнителното време натпреварот завршил со резултат 1-1, тој бил еден од четирите прецизни изведувачи за Јувентус. Покрај тоа, Песото освоил уште четири скудета и четири Суперкупа на Италија за време на својот престој во клубот.
До сезоната 2001-2002 Песото бил редовен член на почетната постава на Јувентус, но потоа тој претрпел повреда што го принудила на три месеци неактивност: оваа пауза, во комбинација со возраста и афирмацијата на Џанлука Ѕамброта во улогата на лев бек, постепено го истуркала Песото на клупата. Тој ја завршил својата кариера во црно-белиот дрес во 2006 година.
Репрезентативна кариера Песото има 22 настапи за во периодот помеѓу 1996 и 2002 година. Учествувал на Светското првенство 1998 и Европското првенство 2000: на второто натпреварување тој бил еден од прецизните изведувачи од белата точка во победата со 3-1 на пенали над домаќинот во полуфиналето. Во финалето на истото натпреварување против , тој со одличен центаршут од десната страна му асистирал на Марко Делвекио за водство на Аѕурите; сепак на крајот французите победиле и ја освоиле титулата на првенството, благодарение на златниот гол на Давид Трезеге, идниот соиграч на Песото во Јувентус.
Тој не учествувал на Светското првенство 2002, поради повредата со која се здобил за време на пријателски натпревар против , одигран на 17 април 2002 во Милано. Тоа бил и неговиот последен репрезентативен натпревар.
Хронологија на репрезентативните настапи
Статистика Клупска статистика Статистиката е ажурирана на 12 април 2020.
Сезона Клуб Првенство Национален куп Континентален куп Останати купови Вкупно Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Лига Наст Гол Наст Гол 1989-1990 Варезе Ц2 30 1 КИ-Ц - - - - - - - - 30 1 1990-1991 Ц1 34 0 КИ+КИ-Ц - - - - - - - - 34 0Вкупно Варезе 64 1 - - - - - - 64 1 1991-1992 Масезе Ц1 22 1 КИ-Ц - - - - - - - - 22 1 1992-1993 Б 21 1 КИ - - - - - - - - 21 1 1993-1994 Б 34 3 КИ - - - - - - - - 34 3 1994-1995 А 32 1 КИ 4 1 - - - - - - 36 2 1995-1996 А 28 0 КИ 1 0 ЛШ 10 0 СИ 0 0 39 0 1996-1997 А 20 0 КИ 2 0 ЛШ 5 0 СУ+ИнтК 2+0 0 29 0 1997-1998 А 21 0 КИ 7 0 ЛШ 8 0 СИ 1 0 37 0 1998-1999 A 19+2Плејоф двомеч за Куп на УЕФА/Интертото куп. 1 КИ 5 0 ЛШ 8 0 СИ 1 0 35 1 1999-2000 A 30 1 КИ 4 0 ИК+КУ 4+6 0 - - - 44 1 2000-2001 А 32 0 КИ 1 0 ЛШ 6 0 - - - 39 0 2001-2002 А 29 0 КИ 4 0 ЛШ 11 0 - - - 44 0 2002-2003 А 17 0 КИ 4 0 ЛШ 7 0 СИ 0 0 28 0 2003-2004 А 18 0 КИ 8 0 ЛШ 5 0 СИ 0 0 31 0 2004-2005 A 19 0 КИ 1 0 ЛШ 6 0 - - - 26 0 2005-2006 A 10 0 КИ 2 1 ЛШ 2 0 СИ 0 0 14 1Вкупно Јувентус 243+2 2 39 1 78 0 4 0 366 3Вкупно во кариерата 395+2 9 43 2 78 0 4 0 522 11
Титули Варезе Серија Ц2 : 1 1989-1990
Јувентус Серија А : 4 1996-1997, 1997-1998, 2001-2002, 2002-2003 Суперкуп на Италија : 4 1995, 1997, 2002, 2003 УЕФА Лига на шампиони : 1 1995-1996 Суперкуп на УЕФА : 1 1996 Интерконтинентален куп : 1 1996 УЕФА Интертото Куп : 1 1999
Наводи
Надворешни врски Џанлука Песото на soccerway
Категорија:Италијански фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Болоња Категорија:Фудбалери на ФК Верона Категорија:Фудбалери на ФК Торино Категорија:Фудбалери на ФК Јувентус Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Живи луѓе Категорија:Родени во 1970 година