Вознесение Христово (позната и како Свети Спас) — главна селска црква во струмичкото село Колешино, Македонија.
Местоположба
Црквата се наоѓа во повисокиот дел на селото, а во нејзина близина се наоѓаат и селските гробишта.
Историја
Првата црква била изградена во 1840 година, но оваа стара црква се срушила во 1961 година од силен нанос на снег.
Новата црква била изградена од страна на мајсторот Миле Глигоров од Струмица, но во помал габарит од старата.
Архитектура
Градбата на црквата е трокорабна. Црквата е во добра состојба. Се забележува само минимална влага во елементи на галеријата, но има нагризани дрвени елементи од покривната конструкција на северниот трем, со што се заканува покривот на истиот да пропадне.
Фрескоживопис
Црквата не е живописана во внатрешноста.
Во куполата нема претстава на Исус Христос Вседржител.
Икони и иконостас
Иконостасот бил изработен од Томе Митев и Кољо Каменаров од Колешино. Во иконостасот биле поставени, во најголем дел, икони кои биле од времето на основањето на црквата. Иконите се поставени во два реда и само делот каде што се проскомидијата и ѓаконикот, иконите се од понов период.
Во 1991 година во црквата биле донесени неколку икони, поклон од Грција. Селото го слави верскиот празник Св. Спас кој секогаш се празнува во четврток, во месец мај или јуни. Црквата „Св. Спас“ - Колешино
Галерија
Поврзано Струмичко архијерејско намесништво Колешино
Наводи
Надворешни врски
Детален извештај за мониторинг од ИКОМОС Македонија
Категорија:Храмови посветени на Вознесението Христово во Македонија