Маркус Кристијан Албак (роден на 5 јули 1973 година во Гетеборг) — поранешен шведски фудбалер, кој во моментов е асистент-тренер во шведската репрезентација.

Технички одлики Напаѓач познат по својот остар завршен удар и одлично чувство за гол. Во својата кариера Албак прошетал низ многу клубови и постигнал преку 130 голови во својата клупска кариера во неколку различни првенства.

Клупска кариера Албак ја започнал својата професионална кариера во екипата на Ергрите. По пет сезони во клубот заминал во странство, приклучувајќи му се на кратко на данскиот Лингби, а потоа потпишал за Бари клуб од италијанската Серија А. Тој одиграл 24 првенствени натпревари за Бари во сезоната 1997-98, но неуспеал да постигне ниту еден погодок со што Бари ќе остане единствениот клуб за кој играл без да постигне гол. По завршувањето на сезоната повторно се вратил во својот прв клуб.

Во 2000 година му се приклучил на Херенфен. Во својата втора сезона во клубот му помогнал да заврши на високото 4. место во холандското превнство, постигнувајќи 15 гола. Во 2002 година Албак се преселил во Астон Вила за 2 милиони фунти, но не успеал да се избори за место во почетната постава на Премиер лигашот од Бирмингем и најчесто бил замена за Дариус Васел и Хуан Пабло Анхел. По истекот на договорот, тој заминал во Бундеслигата каде и се приклучил на екипата на Ханза Росток во текот на летото 2004 година. Албак постигнал 4 гола во 23 настапи за Ханза во сезоната 2004-05, но неуспеал да му помогне на клубот да се спаси од испаѓање.

По испаѓањето на Ханза во летото 2005 година, на возраст од 32 години, Албак потпишал со ФК Копенхаген. На 1 ноември 2006 година, тој го постигнал својот прв гол во Лигата на шампионите во својата кариера и тој се покажал како победнички против двократниот шампион во натпреварувањето Манчестер Јунајтед. По завршуваето на натпреварот, бил избран од навивачите за човек на натпреварот. 20 дена подоцна, тој, исто така, постигнал гол во Лигата на шампионите против Бенфика на Стадионот Луж - натпревар кој неговиот тим го загубил со 3-1. Албак постигнал гол и во последниот натпревар од групната фаза против Селтик на Паркен во победата со 3-1. По одигрувањето на последниот натпревар од Данската Суперлига 2006-07, тој бил избран од навивачите за наградата играч на годината, откако Копенхаген успеал да ја одбрани титулата, а напаѓачот придонел со 11 лигашки голови.

На 1 јули 2008 година, Албак се вратил во Ергрите за да го имал својот трет престој во клубот.

На 14 декември 2009 година, по испаѓањето на Ергрите од Алсвенскан, Албак го најавил своето пензионирање од фудбалот.

По победата на Шведска против Холандија, официјално било потврдено дека Албак ќе учествува во следниот натпревар на Ергрите на домашен терен против Мотала. Тој влегол како замена во 69-тата минута, но не можел да влијае на играта на било кој начин.

Титули ФК Копенхаген Данска Суперлига : 2 2005-06, 2006-07 Ергрите Куп на Шведска : 1 2000

Наводи

Надворешни врски Профил на Маркус Албак во фудбалската репрезентација

Категорија:Живи луѓе Категорија:Шведски фудбалери Категорија:Фудбалери на ФК Бари Категорија:Фудбалери на ФК Херенфен Категорија:Фудбалери на ФК Астон Вила Категорија:Фудбалери на ФК Ханза Росток Категорија:Фудбалери на ФК Копенхаген Категорија:Фудбалери од Премиер Лига Категорија:Фудбалери во Серија А Категорија:Родени во 1973 година