Курбалија — село во Србија во општина Прешево во Пчињскиот Округ. Селото се наоѓа во Прешевската долина, веднаш до границата со Косово и Македонија.
Географија и местоположба Селото е високопланинско и се наоѓа во Прешевскиот дел на Скопска Црна Гора на 798 м.н.в. Селото е од разбиен тип и се дели на две маала, кои се оддалечени 1.500 метри едно од друго.
Историја Селото е ново, во однос на другите села во близина, односно постои околу 220 години.
Во XIX век, селото е дел од Прешевската Каза на Приштинскиот Санџак.
По Првата балканска војна, станува дел од Кралството Србија, т.е. Јужна Србија. По Втората светска војна, званично останува во рамките на Србија.
Економија
Населението главно се занимава со земјоделство.
Население Според пописот од 1913 година селото има 183 жители и било дел од општина Прешево.
Според германска карта издадена во 1941 година, а заснована на пописот на Кралство Југославија во 1931 година, селото имало 150 Албанци.
Населението води потекло од фисот Бериш, претставени од фамилиите Муресљови и Асанови. +Година19131931194819531961197119811991200220112022Население183150312341309267126184146…65 Според пописот од 2022 година, селото имало 65 жители, со густина на населеност од 7.673/км2. 58.8% биле мажи, 41.5% биле жени.
Наводи
Категорија:Населени места во Јужна Србија Категорија:Прешево Категорија:Албански населби во Србија