Гарт Брукс (роден на ) — американски пејач на кантри-музика. Музичката кариера ја започнал во 1989 година со издавањето на неговиот прв студиски албум. Иако е кантри изведувач, Брукс останал запаметен како музичар кој вметнувал рок елементи во своите композиции, со тоа доближувајќи ја кантри-музиката до поширока публика.

Според наодите на американската музичка индустрија, Брукс е третиот најпродаван музичар на сите времиња во САД, веднаш позади Битлс и Елвис Пресли. Официјалната статистика вели дека од 1991 година до ден денес, плочите на Брукс се продале во повеќе од 69 милиони оригинални примероци во неговата родна земја, правејќи го најпродаваниот музичар во изминатите 20 години.

Кариерата ја прекинал во 2001 година поради семејни проблеми, но во 2009 повторно и се вратил на музиката. Двапати бил награден со Греми, од вкупно 14 номинации. Во 2012 година бил примен во Куќата на славните кантри-музичари.

Наводи

Надворешни врски

Teammates for Kids Foundation (официјална страница)

Категорија:Американски христијани Категорија:Американски катри пејачи Категорија:Добитници на Греми Категорија:Живи луѓе