мини|Американска канта за бензин, чија зафатнина е наведена во американски галони, империјални галони (за во Канада) и во литри. мини|Единици за бензин што се користат низ целиот свет: Галон (крат. gal) е мерка за зафатнина што денес се користи претежно во САД и Британија и разни делови од западна Европа. Во минатото неговата вредност се разликувала во зависност од суровината што се мери и географското подрачје, но денес во повеќето земји е заменет со литарот. Во употреба се три варијанти на галонот: империјален (≈ 4,546 л), кој денес е неофицијална мерка во Британија и полуофицијална во Канада, американскиот течен галон (≈ 3,79 л) и поретко употребуваниот американски сув галон (≈ 4,40 л). Наоѓа примена и во други земји од англиското говорно подрачје.
Дефиниции мини|десно|Шишиња со млеко од по еден галон
Во империјалниот систем има само еден галон, но американскиот разликува два (течен и сув).
Империјален галон Империјалниот (британски) галон се дефинира како литри и наоѓа примена во земјите од Комонвелтот. Прамерката на овој галон е 10 фунти вода при температура од . (Американскиот течен галон тежи околу 8,34 фунти на истата температура.) Империјалната течна унца претставува од империјалниот галон.
Американски течен галон Американскиот галон, еднаков на , е законски пропишан како зафатнина од 231 кубни инчи.NIST Handbook 44 - 2012 Appendix C "General Tables of Units of Measurement" page" C-5 "Units of Liquid Volume" Се дели на 4 кварти; квартата има по 2 пинти, а секоја пинта по 16 течни унци. За да се избегнат неточностите при ширење/собирање на течноста на дадени температури, честопати заедно со износот се прибележува и температурата при која течноста ја има наведената зафатнина. На пример, во трговијата со бензинState of New Hampshire Dept of Weights and Measure и алкохолни пијалаци,27 CFR section 5.21 количините се даваат при температура од .
Сув американски галон Овој галон изнесува една осмина од американскиот „винчестерски“ шиник (бушел) од 2150,42 кубни инчи, што значи дека е еднаков на точно 268,8025 кубни инчи или . Сувиот галон се употребува поретко и не е пропишан со закон, кој од сувата кварта преоѓа веднаш на пекот.Authorized tables, US Code, Title 15, ch. 6, subchapter I, sec. 205, пров. на 19 јули 2008
Употреба на галонот во светот Империјалниот галон наоѓа примена во секојдневниот живот (и во рекламирањето) во Велика Британија, Ирска и (поретко) во Канада. Со него се изразува потрошувачката на гориво на возилата во рекламите и службените прописи.
Империјалниот галон се користи за изразување на количина на гориво во Антигва и Барбуда, Гвајана и, до неодамна, во ОАР. Американскиот галон пак, е застапен во Белиз, Гватемала, Гренада, Доминиканската Република, Еквадор, Ел Салвадор, Колумбија, Либерија Мјанмар, Никарагва, Панама, Перу, Порторико, САД, Хаити и Хондурас.
Наводи
Категорија:Единици за зафатнина Категорија:Империјални единици Категорија:Американски мерни единици