мини|350п|Преглед на етапите; црните линии ги претставуваат растојанијата на поединечните етапи, додека црните испрекинати линии ги претставуваат префрлањата помеѓу етапите.

Етапата 12 на Џиро д’Италија 2013 се одржала на 16 мај, а трката ќе заврши на 26 мај. Втората половина на трката е скоро целосно сместена во Италија; започнувајќи со рамна етапа од Лонгароне до Тревизо, пред да се одржат четири планински етапи, како и планински поединечен хронометар, патеката се движи до завршницата во Бреша, каде трката ќе заврши со друмска етапа по првпат од 2007. Трката исто така ќе премине во Франција во текот на петнаесеттата етапа, завршувајќи на врвот Кол ду Галибие. По вториот ден за одмор на трката, групата ќе се врати во Франција на следната етапа.

Откако го преземал водството во генералниот пласман по осмата етапа, возачот на Винченцо Нибали успеал да го задржи водството на трката во текот на целата втора половина од Џиро и поради тоа стигнал до втората победа на некоја Гранд Тур трка во неговата кариера; претходно победил на Вуелта а Еспања 2010 за екипата . Нибали имал разлика од 41 секунда пред возачот на Кедел Еванс до четиринаесеттата етапа, кога Нибали нападнал на последното искачување и успеал да добие 45 секунди пред Еванс завршувајќи втор зад возачот на Мауро Сантамброџо. Подоцна, Нибали освоил две етапи во текот на последната недела на трката, со што уште повеќе го зголемил своето водство и на крајот успеал да ја заврши трката со разлика од близу пет минути. Еванс не успеал да го задржи второто место во генералниот пласман, откако имал потешкотии на последното искачување на трката; на крајот завршил трет во генералниот пласман зад возачот на Ригоберто Уран, кој станал предводник на екипата откако Бредли Вигинс бил присилен да се повлече.

Покрај борбата за генералниот пласман, Марк Кевендиш успеал да се одмазди за блискиот пораз во бодовниот пласман на трката во 2012, кога ја загубил црвената маичка за еден бод пред возачот на Хоаким Родригес кој го презел бодовниот пласман на последниот ден во Бреша. Победата на возачот на во Бреша, негова петта на трката, претходно постигнувајќи три во втората половина на трката со победите на етапите 12 и 13, му дозволила да стане само петти возач кој успеал да ги освои сите бодовни пласмани на сите Гранд Тур трки. Џовани Висконти исто така успеал да освои повеќе етапи во текот на втората половина на трката, освојувајќи соло победи на Кол ду Галибие и во Виченца. Втората половина на трката била исто така повеќепати попречувана од снег, поради што три етапи биле изменети, а една и целосно откажана поради многу снег и опасни услови; откажаната етапа била прва откажана етапа поради временски услови од Џиро д’Италија 1989.

ЛегендаМаичките кои се појавуваат во табелата на левата страна од страницата ги означуваат возачите кои ги носат на одредената етапа, додека оние кои се појавуваат на десната страна на страницата ги означуваат возачите на кои им се доделени по етапата.   20п   Го означува предводникот во генералниот пласман   20п   Го означува предводникот во планинскиот пласман   20п   Го означува предводникот во бодовниот пласман   20п   Го означува предводникот во пласманот за млад возач   и.в. означува дека возачот поминал низ завршната линија во иста група како оној кој го добил времето над него и поради тоа му било доделено истото завршно време.

Етапа 12

16 мај 2013 — Лонгароне до Тревизо, 134 км

Втората половина на трката започнала со етапа со патека идеална за спринтерите; со растојание од 134 километри, етапата била една од најкратките на трката, етапата била главно рамна и постепено се спуштала од почетокот во Лонгароне до завршницата во Тревизо. Долж патеката се наоѓале две искачувања од четврта категорија, како и два средни спринта во рамки на првите две третини од етапата. Двете категоризирани искачувања биле кратки и стрмни; Муро ди Ка дел Поџо со просек од 12,2% на 1.200 метри, додека Монтело-Санта Марија дела Виторија имал наклон од 6,3% на 3 километри. Кога возачите пристигнале во Тревизо, извозеле круг од 7,5 километри околу градот; последните метри вклучувале поминување преку мост, пред целта на Вјале Бартоломео Буркјелати.

Возачите имале влажно време во Лонгароне, каде започнало бегството скоро веднаш на самиот почетокот составено од четворица возачи. Во него биле вклучени етапниот победник Максим Белков (), возачот на Фабио Фелине, Берт де Бакер од и возачот на Мауриц Ламертинк. Колегата на Ламертинк Марко Маркато им се придружил нешто подоцна. Со водство од скоро три и пол минути, сите освен Де Бакер паднале во формата, но успевале да се одржат во групата. Спринтерските екипи започнале бавно да се доближуваат до групата, одржувајќи 25 секунди разлика помеѓу нив во последниот круг околу Тревизо; петорката успеала да се одржи сè до последниот километар.

Оттука на чело на групата излегла линијата на возачи на , а Герт Стегманс обезбедил совршен напад за Марк Кевендиш и негова трета етапна победа на трката и негова 100. победа во неговата професионална кариера. Возачот на Винченцо Нибали го одржал водството во генералниот пласман од 41 секунда пред возачот на Кедел Еванс. За нив, возачот на Бредли Вигинс се соочил со проблеми. Со само четворица свои возачи, Вигинс загубил 3' 17" во однос на главната група, со што излегол од првите десет возачи во генералниот пласман. Вигинс го припишал неговиот недостиг на резултати на влошување на неговото заболување; земал антибиотици поради настинка и инфекција на градите. Поради ова, генералниот менаџер на Дејв Брејлсфорд изјавил дека екипата сега ќе се насочи на Ригоберто Уран, кој се наоѓал на третото место во генералниот пласман, како нивна најголема надеж за освојување на трката.

Резултат од етапа 12 ВозачЕкипаВреме 1 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапата 12 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Розева маичка 2 + 42" 3 + 2' 04" 4 + 2' 12" 5 + 2' 13" 6 + 2' 55" 7 + 3' 35" 8 + 4' 05" 9 + 4' 17" 10 20п|Бела маичка + 4' 21"

Етапа 13

17 мај 2013 — Бусето до Кераско, 254 км

Со 254 километри, тринаесеттата етапа била најдолга етапа на овогодинешното издание на Џиро д’Италија. Патеката, која водела низ шест различни региони, била рамна од почетокот до ознаката за 175. километар. Оттука имало неколку некатегоризирани искачувања поминувајќи низ двата средни спринта, пред да се дојде до единственото категоризирано искачување на етапата. Тре Куни од трета категорија било сметано како можна опасност за спринтерите пред завршницата во Кераско со постепено искачување од околу 5% на растојание од 10 километри. Оттука возачите се спуштале кон завршницата со неколку ридови помеѓу; очекувањата биле дека ќе има спринтерска завршница, но не со сигурност. Пред почетокот на етапата, поранешните кандидати за генералниот пласман, Бредли Вигинс () и Рајдер Хесједал () се повлекле од трката.

Група од седум возачи се одвоила од главната група по околу 20 километри, во која немало можен соперник во генералниот пласман, поради што им било дозволено да се одвојат и да направат предност од четиринаесет минути во еден момент од етапата. Бидејќи главните фаворити не сакале да ја намалат разликата, тоа им било препуштено на екипите на спринтерите, кои требало да постават темпо; тие успеале постепно да ја намалуваат предноста на водечките и тие имале само една минута пред искачувањето во Тре Куни, околу 40 километри пред крајот. На искачувањето возачот на Никола Боем го започнал првиот напад и бил придружен од Пабло Ластрас од екипата и Ларс Бак (), со што тројката се одвоила од преостанатите четворица членови на водечката група. Позади мала група нападнала од главната група, но по неколку километри групата била достигната, оставајќи ги тројцата водечки со околу 30 секунди напред.

, работејќи за Марк Кевендиш за четврта негова етапна победа на трката, се придвижиле кон челото на групата и го забавиле темпото и му дозволиле на водечкото трио да добие неколку секунди предност, препуштајќи го водството да порасне скоро на една минута. Кратко потоа Боем отпаднал, додека на Ластрас и Бак им се приклучила друга група на возачи, кои се одвоиле од главната група. Од групата, Џампаоло Карузо () нападнал на околу 6,5 километри пред целта, но неговиот соло обид бил спречен на еден и пол километар. ја предводела групата во последниот километар за Елија Вивијани, но Кевендиш бил првиот кој го започнал својот спринт и успеал да се одржи пред другите, поминувајќи го Џакомо Ницоло од на целта. Со неговата четврта победа на трката, Кевендиш станал шести возачи кој победил на 40 Гранд Тур етапи и прв возач кој освоил последователни етапи на Џиро по Алесандро Петаки во 2009.

Резултат од етапа 13 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Црвена маичка 2 и.в. 3 и.в. 4 и.в. 5 и.в. 6 и.в. 7 и.в. 8 и.в. 9 и.в. 10 и.в.Генерален пласман по етапата 13 ВозачЕкиоаВреме 1 20п|Розева маичка 2 + 42" 3 + 2' 04" 4 + 2' 12" 5 + 2' 13" 6 + 2' 55" 7 + 3' 35" 8 + 4' 05" 9 + 4' 17" 10 20п|Бела маичка + 4' 21"

Етапа 14

18 мај 2013 — Червере до Бардонекија, 180 км

Првично требало да се одржи на 168 километри, но четиринаесеттата етапа била променета на самото утро поради лошото време, кое исто така го оневозможил телевизискиот пренос на трката во целост освен последните неколку стотина метри. Првично наведеното искачување до Сестриере, искачување од втора категорија, била повлечено од патеката и групата била пренасочена долж долината Суза до Улкс. Трката се вратила на првичната патека во Улкс; вкупно 12 километри биле додадени на растојанието на етапата. Оттука, патеката се искачувала стрмно кон средниот спринт во Бардонекија пред искачувањето кон завршницата. Искачувањето од прва категорија било возено по третпат на Џиро и имал просечен наклон од 9% на растојание од 7,3%, но на одредени места наклонот се движел до 14% и се возело по неасфалтирани патишта.

Група од седум возачи се одвоила на 14. километар, но брзо била намалена на четворица, откако тројца возачи паднале на влажните патишта. Кога се вратиле во главната група, водечката група започнала да го зголемува своето водство. Сеиталијанската група, поранешниот предводник на трката Лука Паолини (), Даниеле Пјетрополи од , возачот на Сони Колбрели и возачот на Матео Трентин, успеала да ја зголеми својата предност на скоро десет минути на една точка од етапата, пред главната група да започне да ги достигнува. Бидејќи трката се движела кон Јаферау, го преземала темпото во свои раце, намалувајќи го бројот на возачи во главната група. Пред последното искачување, Трентин отпаднал од водечката група и набрзо бил достигнат од главната група на искачувањето.

Водечките имале предност од околу четири минути на подножјето, кога Колбрели започнал напад. Само Паолини можел да остане со него. Серхио Енао () нападнал на половина од искачувањето, кога му се приклучил и Диего роза од ; потегот на Роза бил претходник на нападот од неговиот екипен водач Франко Пелицоти. Пелицоти го достигнал дуото и набрзо продолжил сам по водечките. Паолини се одвоил од Колбрели на околу 1,5 километри пред целта и држел 43 секунди предност пред блиските соперници. Откако Паолини бил достигнат, носителот на розовата маичка Винченцо Нибали нападнал за , повлекувајќи го возачот на Мауро Сантамброџо со него. Двајцата останале до крајот и Сантамброџо ја освоил етапата, негова прва на Гранд Тур. Нибали завршил зад него и го зголемил своето водство на 1' 26" пред возачот на Кедел Еванс, а Сантамброџо се поместил на четвртото место во генералниот пласман, една секунда зад Ригоберто Уран од .

Резултат од етапа 14 ВозачЕкипаВреме 1 2 20п|Розева маичка и.в. 3 + 9" 4 + 26" 5 + 30" 6 + 33" 7 + 33" 8 + 33" 9 + 55" 10 + 58"Генерален пласман по етапата 14 ВозачЕкипаВреме 1 20п|Розева маичка 2 + 1' 26" 3 + 2' 46" 4 + 2' 47" 5 + 3' 53" 6 + 4' 55" 7 + 5' 02" 8 20п|Бела маичка + 5' 32" 9 + 5' 39" 10 + 5' 41"

Етапа 15

19 мај 2013 — Чезана Торинезе до Кол ду Галибие–Валоар (Франција), 145 км