Мелница — историско село во областа Прилепско Мариово, во Општина Прилеп, Прилепско.

Денес, од некогашното село се останати само руини од родната куќа на македонскиот писател Стале Попов, како и средновековната црква „Св. Димитриј“ и манастирската црква „Св. Илија“ на познатиот Мелнички манастир.

Атарот на некогашното село е приклучен кон атарот на селото Полчиште.

Географија

Селото било сместено во областа Мариово, јужно од општинскиот центар Прилеп, на двата брега на реката Бутурица.

Низ селото поминува регионалниот пат 1107, кој води од Прилеп до селото Витолиште.

Историја

мини|300п|десно|Историска фотографија на Мелничкиот манастир

Селото првпат е запишано како Менличе со 46 домаќинства во 1615 година, додека во 1628 година е забележано со 29 домаќинства.

Селото се запустело по 1900-тите кога зачестиле андартските напади на него.

Стопанство

Целокупниот атар на селото припаѓа на селото Полчиште.

Население

Според податоците на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) од 1900 година, во Мелница живееле 94 жители, сите Македонци.Васил К’нчов. „Македонија. Етнографија и статистика“. Софија, 1900, стр. 247

Според егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“), во 1905 година во Мелница имало 72 жители, под врховенството на Бугарската егзархија.D.M.Brancoff. "La Macédoine et sa Population Chrétienne". Paris, 1905, рр. 150-151.

На Етнографската карта на Битолскиот Вилает од 1901 година, Мелница се водело како чисто македонско село во Прилепската Каза на Битолскиот Санџак со 18 куќи.

Културни и природни знаменитости

Археолошки наоѓалишта Садевите — населба од доцноантичкото време; Стојанов Шопур — средновековна населба со некропола; Црква Св. Димитрија — осамен наод од римското време; и Пешта — населба од железното време.

Цркви Црква „Св. Димитриј“ — главна селска црква; и Црква „Св. Илија“ — манастирска црква.

Манастири Мелнички манастир — манастир во близина на селото, подигнат во 1872 година.

Природни образби Мелничка Пештера

Личности

Родени во или по потекло од Мелница Стале Попов (1902 - 1965) — македонски писател. На неговата родна куќа била поставена спомен-плоча, но со текот на времето, куќата речиси целосно се распаднала.Александар Матески, „Витолиште и мелница“, Економија и бизнис, година 20, број 242, септември 2018, стр. 104-105.

Поврзано Општина Прилеп Мариово

Наводи

Надворешни врски

† † Категорија:Историски села во Македонија Категорија:Полчиште