Франко Пелицоти (; р. ) — поранешен италијански професионален друмски велосипедист, кој професионално настапувал во периодот 2001-2018 година. Фелицоти сега е спортски директор на екипата .

Кариера

Пелицоти е познат како специјалист за искачување и ги освоил етапите 10 на Џиро д’Италија 2006, 16 на Џиро д’Италија 2008 и 17 на Џиро д’Италија 2009. Откако завршил трет во генералниот пласман на Џиро 2009, го освоил и планинскиот пласман во Париз како најдобар искачувач на Тур де Франс 2009 и бил именуван за најборбен возачи на етапите 9 и 17. На почетокот на секоја трка, Пелицоти прави знак на крст и го бакнува распетието кое го носи на својот врат.

мини|лево|Пелицоти на Џиро д’Италија 2009

На 3 мај 2010, името на Пелицоти било објавено во весникот La Gazzetta dello Sport како еден од неколкумината возачи кои се под истрага од Меѓународниот велосипедистички сојуз (UCI) поради „неправилни вредности во крвта“. Пелицоти бил пријавен поради „сомнителни вредности“ на Тур де Франс 2009 и било побарано од UCI да спроведе истрага. Подоцна ова било потврдено во извештајот за печатот од UCI. Тој бил еден од предводниците на екипата на Џиро д’Италија 2010, но веднаш бил повлечен од екипата и заменет со Винченцо Нибали. Неговата екипа изјавила дека имаат верба во објаснувањето на Пелицоти и бараат понатамошна истрага. Кратко по крајот на сезоната, суспензијата му била укината поради недостиг на докази и Пелицоти објавил дека ќе бара финансиски надоместок од UCI.Franco Pellizotti cleared to race Cycling News октомври 2010 објавиле дека ќе потпишат со Пелицоти по сезоната 2010. Случајот на Пелицоти стигнал со Арбитражниот суд за спорт во март 2011. Откако судот донел брза пресуда, тој бил суспендиран на две години по прифаќањето на жалбата на UCI. Неговата забрана траела до мај 2012. Судот исто така ги поништил сите резултати од 17 мај 2009, што значело дека Пелицоти загубил етапна победа и третото место во генералниот пласман на Џиро д’Италија и етапна победа, освојување на планинскиот пласман и најборбен возач на Тур де Франс.Пелицоти со забрана на две години со одлука на Арбитражниот суд за спорт

По завршувањето на неговата забрана, Пелицоти потпишал со екипата .

Во август 2013 година било објавено дека по две години со , Пелицоти ѝ се приклучил на за сезоната 2014. Меѓутоа, Пелицоти можел да се натпреварува само од мај 2014 година поради тоа што била член на движењето за заштита на велосипедизмот и дека Пелицоти претходно имал двегодишна забрана за прекршување на биолошкиот пасош. Понатамошни разговори помеѓу Пелицоти и предизвикале неговиот договор со екипата да биде раскинат и Пелицоти можел да се врати во во 2014 година.

Достигнувања

2002 1. Тур де Фриул 1. Етапа 6 Тирено-Адријатико 1. Етапа 4 Трка околу Баскија 1. Етапа 5 Трка околу Полска 2003 2. Милано-Торино 3. ГП де Ларчано 9. Краен пласман Џиро д’Италија 2004 1. Гран Премио ди Кјасо 2. Копа Сабатини 2. Тур де Фриул 2005 1. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали 1. Етапа 2 2. Трофео Леигвелја 3. Краен пласман Средоземна трка 2006 2. Милано-Торино 8. Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 10 10. Класика де Сан Себастијан 2007 1. Меморијал Марко Пантани 5. Краен пласман Париз-Ница 1. Етапа 3 1. Бодовен пласман 9. Краен пласман Џиро д’Италија 2008 3. Краен пласман Трка околу Полска 4. Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 16 2009 (поништени резултати) 3. Краен пласман Џиро д’Италија 1. Етапа 17 37. Краен пласман Тур де Франс 1. 20п Планински пласман 20п Најборбен возач 2012 1. 20п Национално друмско првенство 2. Гран Премио Чита ди Камаиоре 3. Краен пласман Џиро ди Паданија 3. Џиро дел’Емилија 4. Краен пласман Вуелта а Бургос 5. Сиркуито де Гечо 2013 2. Краен пласман Рут ду Суд 4. Краен пласман Сетимана Сиклистика Ломбарда 4. Копа Сабатини 4. Џиро дел’Емилија 5. ГП Индустрија е Комерчо ди Прато 6. ГП Индустрија & Артиџанато ди Ларчано 6. Тре Вали Варезине 8. Џиро ди Ломбардија 8. Копа Уго Агостони 10. Милано-Торино 2014 3. Копа Сабатини 3. Џиро дел’Емилија 6. Краен пласман Сетимана интернационале ди Копи е Бартали 9. Краен пласман Џиро дел Трентино 10. Трофео Лаигвелја 2015 4. Џиро дел’Апенино 6. Гран Премио ди Лугано 7. Џиро дел’Емилија 7. Краен пласман Сетимана Интернационале ди Копи е Бартали 9. Краен пласман Хералд Сан Тур 2016 7. Копа Сабатини 2018 6. Меморијал Марко Пантани

Распоред на резултатите на големите трки

Голема трка 2001 2002 2003 2004 2005 2006 2007 2008 2009 2010 2011 2012 2013 2014 2015 2016 2017 2018 20п|link=Генерален пласман на Џиро д’Италија Џиро—16911—894ДСК———111224—21— 20п|link=Генерален пласман на Тур де Франс Тур——75—47———ДСК————————60 20п|link=Генерален пласман на Вуелта а Еспања Вуелта20—————37—————————2550

СО = се откажал; ДСК = дисквалификуван; — = не учествувал

Наводи

Надворешни врски

Категорија:Родени во 1978 година Категорија:Живи луѓе Категорија:Велосипедисти на Летните олимписки игри 2008 Категорија:Италијански етапни победници на Џиро д’Италија Категорија:Италијански велосипедисти Категорија:Олимписки велосипедисти на Италија