Рударско-геолошкиот универзитет Свети Јован Рилски е универзитет кој се наоѓа во Софија, Бугарија.
Како самостојна образовна институција постои од 1953 година. Научната установа подготвува инженери по геолошки, рударски и електромеханички специјалности, како и сите форми за постдипломски студии.
Од основањето на универзитетот досега дипломирале над 14.000 инженери во областа на геологијата, рударството, во енергетските ресурси, индустријата, заштитата на животната средина. Меѓу нив има и граѓани од скоро 40 земји од Европа, Азија, Африка и Јужна Америка.
Надворешни врски
Официјална страна Официјална страна на Facebook
Категорија:Универзитети во Софија