Српски филм — српски филм на ужасите од 2010 година и прв филм на режисерот Срѓан Спасојевиќ. Во филмот се зборува за „пензиониран“ порноглумец што се согласува да учествува во „уметнички филм“, за на крај да открие дека го вовлекле во снаф-филм со сексуална злоупотреба на деца и некрофилски теми. Во филмот главни улоги се Срѓан Тодоровиќ и Сергеј Трифуновиќ.

На почетокот филмот добил огромно внимание поради деталните отсликувања на силување, некрофилија и сексуална злоупотреба на деца. Надлежните органи во Србија побарале стручно мислење за тоа дали филмот содржи елементи на кривично дело поврзано со заштита на малолетници. Филмот е забранет во неколку земји поради неговата брутална содржина. Забранет е во Шпанија, одбиен е во Норвешка и е привремено забранет за прикажување во Бразил. И цензурираната и нецензурираната верзија на филмот се забранети во Австралија и во Нов Зеланд, а во скоро време филмот добил забрана за прикажување во Малезија и во Сингапур, и тоа во истиот ден.

Содржина

Mилош е пензиониран порно глумец кој живее со својата жена Марија и нивниот шестгодишен син Петар. Неговиот брат е корумпиран полицаец кого го привлекува жената на Милош, која пак е љубопитна за минатото на Милош и е загрижена за иднината на нејзиното семејство. Лејла, поранешна порно ѕвезда му нуди на Милош да се појави во „уметнички филм“ во режија на Вукомир, независен порнограф кој го бара Милош за неговите филмови поради неговата силна ерекција. Откако ќе го фати својот син како гледа еден од неговите филмови и неинформиран за деталите околу филмовите на Вукомир, Милош се двоуми околу понудата за филмот, но прифаќа само за да обезбеди подобра иднина на неговото семејство. Откако ќе се види со Вукомир, Милош поминува покрај еден сериозен човек кој го придружуваат повеќе луѓе кои му упатуваат чудни погледи. Снимањето започнува во сиропиталиште, Вукомир му дава инструкции на Милош преку слушалка која му ја дала возачот на Вукомир, Раша, а снимателите го следат секој потег на Милош. Тој гледа едно девојче кое се вика Јеца и која била злоставувана од нејзината мајка која го посрамотила споменот на нејзиниот татко-херој со тоа што станала проститутка. Во една темна соба Јеца заводливо јаде сладолед додека една медицинска сестра орално го задоволува Милош. Потоа Милош добива наредба да има секс со мајката на Јеца додека таа гледа. Тој одбива, но го принудуваат да продолжи. Марко подоцна му кажува на Милош дека Вукомир е поранешен психолог кој работел во програми за деца. Откако ќе му го објасни неговиот уметнички стил и ќе му покаже филм од жена која раѓа дете кое веднаш по раѓањето ќе биде силувано (уметност која режисерот ја нарекува „ново порно“), Вукомир забележува дека Милош се двоуми,. Милош бега од просторијата, но на автопатот ќе го пресретне и ќе го заведе лекарката на Вукомир.

Крвавиот Милош подоцна ќе се разбуди во кревет и без никаква претстава што му се случило. Се враќа на напуштениот сет и наоѓа неколку снимки. Кога ќе почне да ги гледа , ќе сфати дека бил издрогиран со дрога која предизвикува агресија и силна сексуална желба. По инструкциите на Вукомир, Милош ја тепал и силувал мајката на Јеца а потоа ѝ ја отсекол главата сè додека не се вкочанила а потоа самиот тој бил содомизиран од обезбедувањето на Вукомир. Потоа гледа како Лејла, загрижена за Милош им вели да престанат а некој човек ѝ ги вади забите. Снимките продолжуваат со тоа што го водат Милош во куќата на Јеца каде што една постара жена го фали бидејќи ја убил нејзината мајка и му ја нуди Јеца за возврат. Милош бега преку прозорецот и потоа го напаѓаат група разбојници, но Раша ги убива и го носи Милош во магацинот на Вукомир.

Во магацинот лекарката на Вукомир се обидува уште повеќе да го издрогира Милош, но тој ја убива со тоа што ѝ го набива шприцот во грлото. Потоа го носат во соба и го тераат да има секс со две тела чиишто лица не се гледаат. Додека Милош му се приближува на едното тело, доаѓа човекот со маската од филмот со Лејла и го силува другото тело. На крајот Вукомир ги открива телата, човекот со маска е Марко кој ја силува Марија, а Милош си го силува сопствениот син. Бесниот Милош го убива Вукомир а Марија го убива Марко. Милош наоѓа пиштол и ги убива сите освен Раша, кому му го вади окото. Додека умирал Вукимир го пофалил Милош дека овие дела се навистина вредни за на филм.

Милош се враќа дома откако се сетил на сè, и на тоа дека ги заклучил Марија и Петар во нивниот дом. Заедно со Марија одлучуваат дека треба да умрат заедно, легнуваат на креветот во спалната и се прегрнуваат, а по неколку истрели тројцата ќе бидат мртви. Подоцна во спалната влегува нов филмски екипаж, меѓу кои и сериозниот човек кој Милош го видел претходно. Тој го откопчува својот патент а режисерот му вели: „Почни од најмалиот“.

Продукција

Во пишувањето на сценариото за филмот, Срѓан Спасојевиќ имал помош од Александар Радивојевиќ, познат српски критичар за хорор-филмови кој работел на сценариото на српскиот филм Солзи на продажба. Српски филм е домашен филм направен за прикажување во странство, една од многуте работи на Драгољуб Војнов.

Филмот го финансирал Контра филм, српска компанија регистрирана само за таа намена. За време на одбирањето на глумци, режисерот мислел дека главните ликови- познатите Срѓан Тодоровиќ и Сергеј Трифуновиќ ќе се откажат од филмот поради екстремната содржина, но тие веднаш ги прифатиле улогите.

Поради проблеми со буџетот, филмот се снимал со дигитална камера од типот Red One.

Процесот на префрлање на материјалот во 35 мм филм се претворил во борба против цензурата. Откако го бојкотирале договорот со компанијата Ари во Минхен и откако компанијата ги завршила 35мм примероци, управата на компанијата се појавила заедно со адвокати и германски полицајци и им рекле на продуцентите дека тие примероци нема да им ги дадат. Продуцентите тогаш си го повлекле материјалот и го однеле во Унгарија каде што компанијата Magyar Filmlab требало да им го префрли материјалот во 35мм. За да избегнат проблеми какви што имале во Германија, продуцентите предвреме го прикажале филмот пред управата на компанијата која не направила никакви проблеми. Сепак, кога требало да се избираат филмските снимки, продуцентите добиле писмо од компанијата дека не можат да им го префрлат филмот бидејќи се коси со унгарското граѓанско и семејно право. Поради оваа ситуација продуцентите го поделиле филмот на повеќе делови и тие делови им ги дале на неколку компании низ Европа. Процесот на префрлање бил завршен само десет дена од закажаната премиера на фестивалот Саутвест во Остин, Тексас.

Првото прикажување на Српски филм беше на 15 март 2010 година на полноќ во Остин. Кога сопственикот на Alamo Drafthouse cinema, Тим Лиг, одржал говор за филмот ја предупредил публиката за екстремноста на сцените кои ќе ги видат и им дал последна шанса да го напуштат театарот. Исто така повикал неколкумина гледачи да му се придружат на сцената каде што ги натерал да шмркаат сол и да ги мијат очите со сок од лимон за „да разберат низ што поминале Србите додека го направат Српски филм“. Наредниот ден филмот бил повторно пуштен. Потоа бил прикажан на Меѓународниот фестивал во Брисел во април. Потоа следел Нови Сад, а потоа во Монтреал.

Филмот требало да се прикаже и на фестивал во Лондон на 29 август, но организаторите го прекинале тоа бидејќи имало реакции од Советот во Вестминистер. Филмовите кои се прикажуваат на тој фестивал најчесто не биле класифицирани, но Советот одбил да даде дозвола за прикажување сè додека филмот не го одобри Британскиот Одбор за класификација на филмови. Revolver Entertainment, дистрибутерот за В. Британија, одлучил дека многу делови од филмот треба да се скратат, а фестивалот не прикажува верзии кои се премногу изменети, па затоа филмот бил отстранет од распоредот. Бил заменет со Закопани на Родриго Кортес.

Филмскиот фестивал Реинденс кој го избрал филмот за Канскиот филмски фестивал ја одржал премиерата на филмот, но премиерата ја сметале за „приватен настан“. Таблоидот Сан го опишал филмот како болен, а Советот во Вестминистер побарал филмот да не се прикажува на кој било фестивал. На 21 октомври филмот се прикажувал во Торонто и публиката била задоволна.

На 26 ноември во Австралија биле забранети продажбата и прикажувањето на филмот, но на 5 април 2011 година била одобрена цензурираната верзија за веднаш потоа да ја забранат. Во Бразил филмот бил прикажан во Порто Алегре и на уште некој филмски фестивал, но потоа бил забранет токму пред прикажувањето во Рио де Жанеиро. Најпрво филмот бил забранет само во Рио, а потоа и во другите градови во државата. Во март 2011 година Српски филм ја добил специјалната награда од жирито во Фантаспорто, најголемиот португалски филмски фестивал кој се одржува во Порто.

Прикажување во кино-сали

На 24 септември 2010 година, „Српски филм“ почнал да се прикажува во српските кино-сали, и тоа доцна во ноќта. Филмот се прикажувал и во кино-салите во Велика Британија, но бил скратен од Британскиот совет за класификација на филмови бидејќи, како што сметале тие, филмот имал елементи на сексуално насилство. „Српски филм“ станал најцензурирано филмско дело во Велика Британија по индискиот филм „Намавар“ од 1994 година, од кој биле скратени пет минути од насилните сцени. Исто така, некои сцени од филмот биле избришани и во САД.

Домашно прикажување

Премиерата на ДВД изданието на филмот била на 25 октомври 2011 година. Многу компании одбиле да го издаваат филмот на ДВД. Договорено било да се појави целата верзија на филмот на 22 мај 2012 година, но тоа издание да биде ограничено. Генералниот директор на компанијата Инвизабл изјавил дека тие ја претпочитале нецензурираната верзија на филмот но имале потешкотии додека да ја издадат. Рекол и дека ги надминале тие потешкотии и дека обожавателите на Српски филм ќе можат да го гледаат онака како што неговиот режисер го замислил.

Цензура

Во септември 2011 година, Нетфликс без никакво објаснување го повлекол филмот од нивната список на филмови кои се дозволени за гледање. Филмот е достапен во нецензурирана форма на други поголеми страници за преземање филмови.

Шпанија

„Српски филм“ бил забранет од судот во Сан Себастијан, Шпанија, поради загрозување на сексуалната слобода, па затоа не било дозволено да се прикажува на 21. Фестивал на хорор филмови. Во октомври 2010 година, филмот бил прикажан на Филмскиот фестивал во Сиџе, на публика над осумнаесет години. Поради ова, во мај 2010 година, откако добил поплака од Римокатоличката организација, шпанскиот обвинител поднел тужба за прикажување детска порнографија против директорот на фестивалот, Анхел Сара. Организацијата се пожалила дека во филмот има сцени во кои има силување на дете и на новороденче. Подоцна, тужбите биле повлечени.

Германија

Кога филмот излегол за првпат Германската организација за оценување на филмови одбила да го оцени филмот бидејќи сметала дека содржината ги повредува германските закони. Сепак, на 30 јуни 2011 година Организацијата објавила скратена верзија на филмот во која биле отстранети сите екстремни сцени. Оваа верзија била пократка за 13 минути од оригиналната и била наменета за лица постари од 18 години.

Норвешка

Филмот беше забранет во Норвешка два месеци по неговото излегување бидејќи заклучиле дека ги крши деловите 204а и 382 од кривичното право во кои се зборува за нагласување на сексуалноста кај децата и екстремното насилство.

Бразил

Филмот бил забранет за прикажување во Бразил. Бил забранет поради неговата содржина која „ја навредува бразилската влада“. Ова е првиот филм кој бил забранет во Бразил по донесувањето на Уставот од 1988 година. Во 2012 година оваа одлука била укината, а филмот бил оценет како „непрепорачлив за лица под 18 години поради сцените со секс, педофилија, насилство и бруталност“.

Австралија