мини|Железничката станица Херцберг Елба-Елстер () — округ во јужниот дел на сојузната покраина Бранденбург, Германија. Соседни окрузи се Телтов-Флеминг, Даме-Шпревалд, Горен Шпревалд-Лужица, Мајсен, Северна Саксонија и Витенберг.

Историја

Округот бил основан во 1993 со спојување на поранешните окрузи Финстервалде, Бад Либенверда и Херцберг.

Географија

Округот е именуван по двете реки, реката Елба која ја создава западната граница со Саксонија и реката Шварце Елстер која е притока на Елба и тече низ округот. Округот е дел од историската област Лужица. Мочуриштата долж Шварце Елстер се станишта на неколку ретки животни, како модроврани, дабари и видри.

Грб

100п|ГрбГрбот бил донесен во 1995. Лавот во долниот лев дел потекнува од грофовијата Мајсен, кому историски му припаѓал јужниот дел од округот. Црните ленти потекнуваат од грофовијата Саксо-Витенберг бидејќи областа околу Бад Либенверда припаѓала на тоа грофовија во минатото. Црвените линии потекнуваат од најстариот грб на Бранденбург, а бикот е симбол за областа Долна Лужица каде е сместен самиот округ.

Градови и општини

Слободни градовиОпштинска заедница Бад Либенверда Доберлуг-Кирххајн Елстерверда Фалкенберг/Елстер Финстервалде Херцберг Милберг Шеневалде Зоневалде Ибигау-Варенбрик

Слободни општини Редерланд1. Елстерланд Хајделанд Рикерсдорф Шилда Шенборн1 Требиц

2. Клајне Елстер (Долна Лужица) Криниц Лихтерфелд-Шаксдорф Масен-Нидерлаузиц1 Залгаст

3. Плеса Горден-Штаупиц Хоенлајпиш Плеса1 Шраден4. Шлибен Фихтвалд Хоенбуко Кремицауе Лебуза Шлибен1, 2

5. Шраденланд Греден1 Гростимиг Хиршфелд Мерцдорф1седиште на општинската заедница;2град

Наводи

Надворешни врски

Официјална страница Туристичка страница