Карпестата ластовичка (Ptyonoprogne rupestris) е мала врапчевидна птица. Се размножува на планините во јужна Европа, северозападна Африка и јужна Азија. Ја има и во Македонија.

Опис

Карпестата ластовичка е долга од 13-15 см со распон на крилјата од 32-34 см, и просечно тежи околу 23 гр. Има пепелаво-кафеав горен и посветол долен дел, и има пошироко тело, крилја и опашка за разлика од другите европски ластовички. Опашката им е кратка, квадратна со различни бели шари на пердувите. Делот под крилјата и опашката им е најчесто црн, а нозете кафеаво-розови. Половите се слични меѓусебе, но младите имаат светложолто-кафеави завршетоци на предувите на главата, крилјата и горниот дел. Летот на оваа ластовичка е прилично бавен за овој вид птици. Оваа ластовичка често лета прилично високо. Звуците кои ги испушта се кратко и високо пли, пииех и тсхир, и потсетуваат на звуците на градската ластовичка.

Распространетост и живеалиште

Карпестата ластовичка се размножува на планините во Пиринејскиот Полуостров, од северозападна Африка па сè до јужна Европа, Персискиот Залив и Хималаите и во југозападна и североисточна Кина.

Поведение

Размножување

Карпестата ластовичка се размножува на суви, топли и засолнети карпи во планинските предели со карпи и пештери. Овие ластовички се размножуваат во единечни гнезда или во колонии со околу 10 гнезда. Гнездата се оддалечени едно од друго околу 30 м и секој од родителите се однесува многу заштитнички и агресивно си го брани гнездото од другите ластовички и птици. Гнездењето се прави во периодот од мај до август, и најчесто имаат две легла. Гнездото се гради од страна на двата родитела, и е во форма на полуотворена шолја направена од кал и мек материјал како предуви или сува трева. За изградбата на гнездото се потребни од 1-2 недели и се употребува повеќепати. Се несат од 2 до 5 бели јајца со кафеавкасти дамки. Јајцата се со просечни димензии 20.2 x 14.0 см, и тежат околу 2.08гр. Инкубацијата трае 13-17 дена.

Исхрана

Оваа ластовичка се храни најчесто со инсекти кои ги фаќа во лет, иако понекогаш јаде и инсекти од камења, земја или вода. За разлика од другите видови овој вид се храни во близина на нивното место за размножување.

Наводи

Користена литература

Надворешни врски Ageing and sexing (PDF; 2.8 MB) by Javier Blasco-Zumeta & Gerd-Michael Heinze

Категорија:Птици Категорија:Птици на Македонија Категорија:Ластовици