Едит Минтурн ‘Еди’ Сеџвик (англ. Edith Minturn "Edie" Sedgwick ),( 20 април 1943 година– 16 ноември ,1971 година) беше американска глумица, џет-сетерка, модел и наследничка. Таа е најпозната по тоа што беше една од ѕвездите на Енди Ворхол . Сеџвик станува позната како ‘Девојка на годината’ во 1965 година по улогите што ги има во неколку кратки филмови на Ворхол во 1960 -тите години.Проглаена е за ‘It Girl’, а списанието Вог исто така ја именуваше за ‘Youthquaker’.
Потекло и ран живот Еди Сеџвик е родена во Санта Барбара , Калифорнија, како ќерка на Алис Делано де Форес (1908 – 1988 г. ) и Францис Минтурн Сеџвик , (1904 -1967год. познат како ‘Duke’ или ‘Fuzzy’), филантроп, ранчер и вајар.Таа го добива името по тетката на нејзиниот татко, Едит Минтурн, славно насликани со нејзиниот маж, Исак Њутон Филпс – Стокс од Џон Серџант.
Фамилијата Сеџвик е поврзаната во историјата на Масачусетс. Нејзиниот седми пра-прадедо, роден англичанец, Роберт Сеџвик бил прв Генерал на колонијата на Заливот Масачусетс кои се населиле во Чарлстаун, Масачусетс во 1635 година. Фамилијата на Еди, подоцна потекнува од Стокбриџ,Масачусетс каде што нејзиниот пра-пра прадедо,судијата Теодор Сеџвик, се населил по Американската револуција. Теодор се оженил за Памела Двајт од фамилијата Двајт од Нова Англија, која што била ќерка на Абигејл (Вилијамс) Двајт, што значи дека Ефрејм Вилијам ,основачот на ‘Williams College’, бил нејзиниот петти прадедо. Теодор Сеџвик бил првиот што поднел приговор и победил во судски спор за слободата на црна жена,Елизабет Фримен, според Декларацијата за човекови права на Масачусетс во којшто се наведува дека сите луѓе се родени слободни и еднакви. Мајката на Сеџвик била ќерка на Хенри Вилер ди Форест (претседател и раководител на одборот на ‘Southern Pacific Railroad’ а и директен наследник на Џеси ди Форест чијашто ‘Dutch West India Company’ помогнала да се насели Нов Амстердам). Џеси ди Форест исто така е седми прадедо на Еди.Нејзиниот дедо по татко бил историчарот и реномираниот автор Хенри Двајт Сеџвик III; нејзината прабаба , Сузан Шо,била сестра на Роберт Гоулд Шо, полковник во Американската граѓанска војнач а нејзиниот пра-прадедо,Роберт Боун Сеџвик,бил ко-сопственик на ‘Flying Cloud’, бродот за летање , и е заслужен за создавање и промовирање на Централ Парк во Њујорк А нејзиниот пра-пра прадедо,Вилијам Елери,бил потписник на Декларацијата за Независност На Обединетите Американски Држави.
Таа била првата братучетка на глумицата Кира Сеџвик. Кира е ќерка на Хенри Двајт Сеџвик V (прв братучед на Еди),синот Роберт Минтурн Сеџвик,којшто бил постар брат на Францис Минтурн Сеџвик.
Покрај високиот општествен статус и богатството на нејзината фамилија , раниот живот на Еди бил проблематичен.Сите деца во фамилијата Сеџвик имале конфликтни односи со нивниот татко ‘Fuzzy’- којшто го обожавале, но од друга страна тој бил нарцисоиден,емоционално оддалечен,заповеднички настроен и често насилен.Нејзината најстара сестра Алис (‘Saucie’) се разделува од семејството а нејзините двајца постари браќа починале прерано.Францис (познат како ‘Minty’), која што имал лош однос со ‘Fuzzy’ , претрпел неколку нервни сломови и извршил самоубиство во 1964 година додека престојувал во психијатриска болница.Нејзиниот најстар брат Роберт (‘Bobby’) којшто исто така страдал до психички проблеми починал во сообраќајна незгода со мотор во 1965 година. Еди имала многу тежок однос со нејзиниот татко, којшто отворено имал афери со други жени.Во една прилика таа налетала на него додека тој имал секс со една од неговите швалерки.Таа пролетала во бес, но ‘Fuzzy’ тврдел дека Еди го замислила целиот настан. Како резултат на нејзините емоционални проблеми,Еди развива анорексија во нејзините рани тинејџерски години и се навикнува на долгогодишен начин на навлегување и прочистување.
Децата на фамилијата Сеџвик се израснати на ранчовите на нивната фамилија во Калифорнија .Првично се школувани дома и згрижени од страна на дадилките , нивните животи биле строго контролирани од страна на нивните родители, во голема мера биле изолирани од надворешниот свет и им било врежано дека тие се супериорни над останатите нивни врсници.На 13 години, (годината кога починал нејзиниот дедо ‘Babbo’) Еди почнала да оди во ‘Boston School’ во близина на Сан Франциско, но,според ‘Saucie’, таа за брзо време била отпишана од училиштето поради проблемите со нејзината анорексија.Во 1958 година, таа се запишала во’ St. Timothy’s School’ во Мериленд. По брзо време била оптишана од училиштето поради проблемите со нејзината анорексија.
Есента 1962 година , на инсистирање на ‘Fuzzy’, Сеџвик се посветила на болницата Силвер Хил во Њу Ханан, Конектикат.Според пациент од болницата ,Вирџинија Дејвис,режимот таму бил многу лабав, и Еди и нејзините пријателки често ја напуштале болницата по ручекот и оделе во градот на шопинг,полнејќи ги локалните продавниците со илјадници долари за купени производи на кредит.Еди лесно се спревувала со ситуацијата во Силвер Хил, но нејзината тежина продолжила да опаѓа на само 45 килограми. Поради тоа нејзиното семејство ја пренесува во ‘затворен’ објект во Блумингдејл , дел од болницата Њујорк во округот Вестчестер,Њујорк.Таму,благодарение на строгиот третман состојбата на Еди видливо се подобрува.Во периодот кога таа ја напуштила болницата ,имала кратка врска со студент од Харвард , останала бремена и со помош на нејзината мајка се одлучува на абортус.
Есента, 1963 година, Сеџвик се сели во Кембриџ Масачусетс и почнува да учи скулптура со нејзиниот братучед , познат уметник, Лили Саринен,којшто бил женет со познатата финско-американска архитектка Иро Саринен.Лили за својата братучетка Еди вели: ‘Таа беше многу несигурна во врска со мажите,сепак сите мажи ја сакаа’. Во овој период таа се забавуваше со членови на високата боемска сцена од Харвард, која што вклучување и многу хомосексуалци.
Сеџвик беше длабоко повредена од смртта на нејзините браќа, коишто починаа во рок од 18 месеци , Францис (со прекар ‘Minty’) исто така имал проблематичен живот; станува алкохоличар во неговите рани тинејџерски години користејќи мешавина од алкохол и дрога , а кон крајот на 1963 година доживува нервен слом и беше примен во болницата Белеви пред да биде пренесен во Силвер Хил..Според негодиот пријател Ед Хенеси,Сеџвик му кажува дека ‘Minty’ конечно му признал на неговиот татко дека е хомосексуалец и дека тоа многу го налутило ‘Fuzzy’ кој рекол дека повеќе никогаш нема да зборува со него.Набрзо по овој настан ,во мај 1964 година, на денот пред неговиот 26-ти роденден,’Minty’ се обесил со јаже на вратата на неговата бања во Силвер Хил.. До смртта на ‘Minty’ , Сеџвик се преселува во Њујорк. Првично живее со нејзината сенилна баба која што имала стан на 75-та улица, но во доцната есен 1964 година таа зема стан на ‘East Sixties’ помеѓу петтата авенија и Медисон, којшто мајка и раскошно го уредила.Еди се оддава на постојана забава и го троши нејзиниот фонд со зачудувачка стапка;според нејзиниот пријател Том Гудвин таа потрошила 80 илјади долари само за шест месеци и купила огромен број на облека ,накит и козметика. Откако нејзиниот ‘шофер’ го удрил сивиот Мерцедес којшто таа го добила од нејзиниот татко, Еди почнува постојано да користи лимузини, одејќи од компанија во компанија секој пат кога ќе го истроши нејзиниот фонд.Таа исто така почнува да експериментира со дроги и се навлекува на ‘LSD’ од страна на нејзините пријатели од Кембриџ ,Томоти Лери и Ричард Алперт (двајца истакнати професори од Харвард коишто ја искажуваат важноста на духовната вредност на LSD-то).
Најстариот брат на Сеџвик,’Bobby’, исто така искусува сериозни ментални проблеми и кон крајот на 1963 година, неколку месеци по нервниот слом на ‘Minty’,и ‘Bobby’ доживува нервен слом и неговата сестра’ Saucie’ морала да го натера да го примат во Белеви.Тој почнува да се самоуништува, удирајќи спортски автомобил и брзо возејќи без заштитен оклоп го неговниот моќен мотор ‘Harley Davidson’ .’Bobby’,бил замолен да не присуствува на божиќниот собин на семејството Сеџвик во Калифонија (според ‘Saucie’,неговиот татко му рекол на ‘Bobby’ дека ‘лошо влијае’ на другите деца) и на 31 декември ,1964 година ‘Bobby’ претрпува сериозни повреди на главата кога неговиот велосипед се удрил во автобус на осмата авенија во Њујорк; тој никогаш не се враќа при свест и починал во болница дваесет дена подоцна,на 31 година.Еди му кажува на нејзиниот пријател Гилијан Вокер дека таа знаела дека ‘Bobby’ ќе почине и дека тој се самоубил.Според мислењето на Вокер, Сеџвик се справувала со овие трагедии со потиснување на нејзините чувства и исфрлувајќи се во забавниот живот на Њујорк. Кратко по смртта на ‘Bobby’, Сеџвик се повредува во сообраќајна незгода во Калифорнија во која што таа добиваа скршеница на коленото.Таа се плаши дека нејзиниот татко ќе го искористи тоа како причина да ја врати назад на психијатриска нега па со помош на нејзината мајка таа тајно ја напушта Калифорнија и се враќа во Њујорк.
Деновите во ‘The Factory’ Во март,1965 година , Сеџвик го запознава уметникот и авангардниот режисер на филмови Енди Ворхол во станот на Лестер Пески.Таа почнува да оди редовно во ‘The Factory’ во март 1965 година со нејзиниот пријател,Чак Вин .За време на една од постетите , Ворхол го снима ‘Vinyl’,неговото толкување на романот ‘A Clockwork Orange’. И покрај тоа што сите ликови во ‘Vinyl’ се машки, Ворхол ја става Сеџвик во филмот.Таа исто така има мало покажување пред камера во филмот на Ворхол, ‘Horse’,кога се појавува на крајот од филмот.Иако настапите на Сеџвик во двата филма се кратки, тие предизвикуваат толку големи интереси по коишто Ворхол одлучува да создаде возило во кое таа ќе може да блеска. Прв од овие филмови ,’Poor Little Rich Girl’,првично замислен како дел од серии во кој настапува Сеџвик, наречена ‘Poor Little Rich Girl Saga’. Во сериите се вклучени ‘Poor Little Rich Girl’ во ресторант, лице и попладне.Снимањето на филмот ‘Poor Little Rich Girl’ започнува во март 1965 година во станот на Сеџвик.Првата филмска ролна покажува како Сеџвик се буди, порачувајќи кафе и сок од портокал и нанесувајќи ја нејзината шминка во тишина со слушање на плоча од ‘Everly Brothers’. Поради проблеми со камерата,снимката од првата ролна е целосно непрегледна.Втората ролна се состои од како Сеџвик пуши цигари,разговара на телефон, пробува облека и објаснува како таа го потрошила целото наследство во рок од шест месеци. На 30 април,1965 година,Ворхол ги носи Сеџвик,Чак Вин и Жерард Малага на отворањето на неговата изложба во ‘Sonnabend Gallery’ во Париз.На враќање во Њујорк, Ворхол бара од неговиот сценарист ,Роналд Товел, да напише сценарио за Сеџвик,’нешто во кујна-нешто бело,и чисто,и пластично’,според Рик Брнс,Ворхол рекол: ‘Andy Warhol: A Documentary Film’.Резултатот бил филмот ‘Kitchen’, во кој настапуваат Сеџвик, Рене Ричард, Роџер Трудеј, Доналд Лајонс и Електра.По ‘Kitchen’, Чак Вин го заменува Рон Товел како сценарист и помошник режисер за снимањето на филмот ‘Beauty no.2’, во којшто Сеџвик се појавува со Џино Писерчио. ‘Beauty No.2’ ја има својата премиера на ‘Film-Makers Cinemathique’ во ‘Astor Palace Playhouse’; на 17 јули. Филмовите на Ворхол се комерцијално неуспешни и ретко се гледани надвор од кругот на ‘The Factory’, но како растела озогласеноста за Сеџвик, мејнстрим медиумите почнуваат да известуваат за нејзините настапи во андерграунд филмовите на Ворхол и за нејзиниот необичен моден стил. Во овој период, таа развива нејзин ‘заштитен знак’ – црни хулахопки, краток фустан и големи обетки како свеќници. Сеџвик ја стрижи косата кратко и ја бојадисува нејзината природно кафена коса со сребрен спреј, создавајќи сличен изглед со периките коишто ги носи Ворхол.Ворхол ја именува како негова ‘Суперѕвезда ’ и двајцата се фотографирани заедно на различни елитни настани.